fbpx

Парламентот на Бугарија го направи претпоследниот чекор за кревањето на ветото, под 4 услови

-

На денешната пленарна седница, усвојувајќи ја резолуцијата што беше предложена од Христо Иванов, пратеникот и ко-претседател на „Демократска Бугарија“ (ДБ), дел од владата во заминување, Собранието на Бугарија одобри кревање на ветото за Северна Македонија да ги почне преговорите за зачленување во ЕУ.

Со 228 гласови, од кои 170 „за“, 37 беа „против“ а 21 воздржан, бугарскиот парламент ја усвои резолуцијата со којашто го одобрува почетокот на преговорите за ЕУ интеграција на Северна Македонија. Одлуката беше донесена на второ гласање, откако по првото, што имаше речиси идентичен број на гласови како конечното, дел од пратениците се побунија дека не можеле да гласаат. Гласањето се повтори, со погоре наведениот епилог.

Со тоа се исполни условот што го постави бугарскиот премиер Кирил Петков, дека ќе го крене ветото ако за тоа се изјасни парламентот.

Петков е уште функционален премиер на Бугарија, иако пред 2 дена му беше изгласана недоверба токму во парламентот. Тој нема поднесено оставка на владата и е во Брисел на Европскиот Совет, на кој треба да го пренесе ставот на народните пратеници на Бугарија.

Петков подолго време нагласуваше дека неговиот владин кабинет ќе го прифати сето тоа што ќе помине низ парламентот.

За резолуцијата гласаа владејачките „Продолжуваме со промената“(ПП) на Петков, потоа ДБ и опозициските ГЕРБ и ДПС, извести mediapool.bg.

Бугарскиот парламент со резолуцијата ги одобри условите под кои дава одобрение за почеток на преговорите, што подразбира дека беа направени неколку измени во однос на поднесениот нацрт од Иванов.

Во однос на предлог-резолуцијата на Иванов, на пленарната расправа на парламентот се направија измени со коишто се гарантира „впишување на Бугарите во Уставот на РСМ во одделите во коишто се споменати другите народи, на рамноправна основа со тие народи“.

Дополнително, се прави дотолкување на предложениот нацрт за Преговарачката рамка и нацртот на Заклучоците на Советот на ЕУ (францускиот предлог), со цел појасно изразување на ситуацијата дека „ништо во процесот на приклучување на Северна Македонија во ЕУ не може да се протолкува како признавање од страна на Република Бугарија за постоење на македонски јазик“.

Се бараат и гаранции дека добрососедството останува хоризонтален критериум во рамките на целиот процес на приклучвуање на РСМ кон ЕУ, за чиешто исполнување ЕК го информира Советот пред секоја Меѓувладина кофнеренција.

Се внесува референца на Договорот за добрососедство од 2017 година и протоколите (записниците) од седниците на заедничката меѓувладина комисија во врска со одобрувањето од Советот на ЕУ на заедничките позиции на меѓувладините конференции ЕУ- РСМ.

Во резолуцијата се вели дека само на таа основа и само при исполнувањето на тие услови, парламентот ќе очекува од Владата да го одобри Нацртот на преговарачката рамка истовремено или по потпишувањето на вториот протокол (записник) на заедничката меѓувладина конференција за Договорот за добрососедство, пишува mediapool.bg.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...