fbpx

Ковачевски: Хистеријата за францускиот предлог во земјава ја предизвикаа луѓе што се нарекуваат експерти

-

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Брисел рече дека е изненаден од тоа што во земјава хистеријата во врска со предлозите за надминување на спорот со Бугарија ја креираат луѓе кои се нарекуваат експерти и велат дека се познавачи на европската интеграција, пренесува „360 степени“.

„Се создаде голема хистерија во Северна Македонија. Јас посебно сум многу изненаден од тоа што луѓе кои се нарекуваат експерти и тврдат дека знаат како се одвиваат процесите на европската интеграција се тие што ја креираат најголемата хистерија во земјата. Произлезе дека тие не разбираат како се изработуваат предлозите, како тие се комуницираат, како тие предлози се споделуваат меѓу земјите членки и кандидатите. Или го правеа тоа затоа што имаат лажни дипломи или го правеа тоа за некои други интереси, се надевам дека тоа не се интереси на трети страни“, изјави премиерот Ковачевски.

Инаку, на оваа прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски, по завршувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел, го отфрли францускиот предлог за кревање на бугарското вето и почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со ЕУ. Тој нагласи дека предлогот во ваква форма е неприфатлив за него, за претседателот на државата, за Владата, за коалициските партнери, за институциите како и за граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...