Таг: ЕУ

таг: ЕУ

ЕУ ги додели наградите за истражувачко новинарство за Западен Балкан и Турција

Европската Унија, на вчерашниот настан кој во рамките на Медиумската конференција за Западен Балкан се одржа во Тирана, ги додели наградите за истражувачко новинарство за Западен Балкан и Турција, меѓу кои и за македонски медиуми. За најдобра истражувачка сторија, на доделувањето на наградите во Тирана, беше избрана „Софтверот на Рашковски за сообраќајни казни”, на новинарката Ирена Каревска, објавена на „360...

ЕУ ќе воведе ЕУРО 7 стандарди на моторите за намалување на загадувањето од возилата

Европската Комисија (ЕК) предвидува нови ЕУРО 7 стандарди за моторите на возилата, со кои ќе се намалат емисиите на издувни гасови и ќе се подобри квалитетот на воздухот во земјите-членки на ЕУ, информираат од ЕК. Комисијата денеска го презентираше предлогот за намалување на загадувањето на воздухот од новите моторни возила што ќе се продаваат во ЕУ за да се исполни...

Грција, Унгарија, Кипар, Полска и Шпанија нашироко го користеле софтверот за шпиoнирање Пегасус

Високата европратеничка што ја води истрагата за шпионскиот софтвер Пегасус, Софи Инт Велд ја обвини Европската комисија дека ја игнорирала „сериозната закана за демократијата“ што ја претставува употребата на технологијата, додека за националните влади рече дека не соработувале во истрагата, јавува „Гардијан“. Холандската либерална европратеничка рече дека постоела нелегална употреба на Пегасус во Грција, Унгарија, Полска и Шпанија, како и...

Германија ѝ порача на Србија: Треба да изберете меѓу ЕУ и Русија

Србија мора да се реши дали сака да влезе во ЕУ или сака да влезе во партнерство со Русија, порача Германија вчера, на само два дена пред шесте земји од Западен Балкан да се соберат на самит во Берлин за договарање поблиска соработка, јави Ројтерс. „Потребата од донесување одлука излегува на површина, во светлината на геополитичките случувања. Спогодбата меѓу Србија...

Со нов закон, Европската Унија се подготвува да ги смени правилата на Интернетот

Европската Унија подготви нови правила кои треба да ја „зауздаат“ доминацијата на големите технолошки компании како „Гугл“, „Епл“ и „Мета“, кои ќе бидат приморани да ги отворат своите услуги и платформи и за помалите компании и програмери, пренесува Би-Би-Си. Новиот закон ќе ги промени правилата за најголемите и највлијателни компании, наречени „вратари“ (gatekeepers). Со стапувањето на сила на Законот за...

Општините спас од ѓубрето гледаат во изведбата на современите регионални депонии

Во Македонија во моментов има само две регионални депонии што се во функција во Скопскиот и Полошкиот плански регион - „Дрисла“ и „Русино“, но единствено скопската депонија има А-интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, иако и кај неа е неопходно да се инвестира во постројки за секундарна селекција и натамошен третман на собраниот отпад. Воспоставувањето...

Брисел со предупредување до Маск: Твитер птицата ќе лета според правилата на ЕУ

Европската комисија го потсети Илон Маск дека мора да ги следи правилата на Европската унија, по информацијата дека тој ја презема контролата врз Твитер, пренесе „Јуроњуз“. „Во Европа, птицата ќе лета според нашите правила“, напиша на Твитер еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, откако неколку часа претходно Маск објави дека „птицата е ослободена“, алудирајќи на логото на Твитер. https://twitter.com/ThierryBreton/status/1585902196864045056?s=20&t=YxW6n--dcuJhOcaY16LWQQ Бретон на објавата...

ЕУ воведува забрана за продажба на нови бензински и дизел возила по 2035 година

Во земјите-членки на ЕУ во периодот по 2035 година граѓаните нема да може да набават нови возила на погон на бензин и дизел гориво. Претставниците на Европскиот парламент и Европскиот совет вчера вечер го усогласија првиот договор за етапно намалување на емисиите на стакленички гасови во делот на транспортот, кои треба до 2030 година да ги намалат штетните емисии...

Еден договор, многу зборови

Договорот за оперативните активности на ФРОНТЕКС во Северна Македонија предизика најголемо внимание од сите такви договори на ЕУ склучени со „земјите кои не се членки во ЕУ“. Вниманието не е насочено кон содржината или значењето на договорот, туку кон фактот дека во неговите завршни одредби, наместо досегашната формулација на договорите со ЕУ дека е составен на „службените јазици на...

Фон дер Лајен: Ќе се исполни сонот на младите Северна Македонија да биде членка на ЕУ

Кратка посета, но со конкретна агенда и помош од Европската Унија за земјава. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во македонскиот главен град дојде и со конкретна порака до македонските граѓани - заедно ќе ја пребродиме актуелната енергетска криза, со која се соочува целиот европски континент. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на барањето за вметнување на Бугарите...

Англискиот не е единствен официјален јазик во ЕУ

ЕУ има 24 официјални јазици, а англискиот е еден од нив. Тие се бугарски, хрватски, чешки, дански, холандски, англиски, естонски, фински, француски, германски, грчки, унгарски, ирски, италијански, латвиски, литвански, малтешки, полски, португалски, романски, словачки, словенечки, шпански и шведски. Правните акти и нивните резимеа се достапни на сите официјални јазици на ЕУ. Состаноците на Европскиот совет и Советот на Европската...

Ковачевски: По примерот на Конески, се грижиме за македонскиот јазик низ дела

Наследството на Конески е темел на македонскиот јазик, а со тоа и темел во македонскиот идентитет и во македонската национална култура - но и со безвременско значење, поради поставеноста на Конески кон иднината, како приврзаник на сфаќањето дека јазикот е жива материја, порача премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на настанот „Отворени денови на Институтот за македонски јазик“. Денешниот настан...

ЕУ одлучи договорот со „Фронтекс“ да се потпише на македонски јазик, без фусноти и ѕвездички

Советот на министри за внатрешни работи на ЕУ вчера донесе одлука за потпишување на договорот за соработка во управувањето со границите меѓу Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) и Северна Македонија. Договорот се очекува да биде потпишан на 20 октомври, при што договорот во дупликат ќе биде изработен на македонски јазик, без фусности и ѕвездички. Премиерот Димитар Ковачевски...

Британската премиерка Лиз Трас: Прашањата за безбедноста, миграцијата и енергијата нѐ обединуваат

Британската премиерка Лиз Трас во колумна, во време на сериозна меѓународна криза, објаснува зошто, иако Обединетото Кралство веќе излезе од ЕУ, смета дека земјата мора да учествува на состанокот на Европската политичка заедница во Прага, каде независно од актуелните сојузи, државите мора политички и идеолошки да се обединат за заштита на слободниот свет. Колумната на британската премиерка ја пренесува во...

Скрининг – почеток на почетокот

Меѓу многубројните странски зборови кои се користат во евроинтегративниот процес, најактуелен е „скрининг“. Во случајов на преговорите со ЕУ означува процес кој треба да овозможи оценка на состојбата на усогласеност на земјата со барањата на обврските на една држава членка на ЕУ. Ќе се осврнеме на неколку клучни аспекти на скринингот: неговата содржина, динамика, главните актери, клучните разлики согласно новата...

ЕУ ја усвои регулативата за универзализација на полначите за мобилни телефони

Европската Унија ја усвои новата законска регулатива, која што бара од производителите на мобилни телефони да овозможат универзализација на полначите за овие и други помали електронски уреди, пренесува „Политико“. Ова би значело дека „Епл“ во иднина ќе мора да ги стандардизира полначите за „Ајфонот“ со полначите за мобилни телефони од другите производители. Сите компании ќе мора да ги променат полначите...

ЕУ ќе го финансира довршувањето на пругата Ѓуешево-Софија

Европската комисија ја одобри првата голема инфраструктурна програма за Бугарија за периодот 2021-2027 година. Официјален Брисел за програмата „Транспортно поврзување“ ќе ѝ додели на Бугарија 1,61 милијарда евра. Еден од најважните инфраструктурни проекти коишто треба да се градат е железничката пруга по коридорот Ориент/Источен Медитеран, односно Коридорот 8, пишува money.bg. Бугарија најдоцна до 2027 година ќе треба да ја изгради...

Анкета на ТАКСО и ЕУ за граѓанското општество на Западен Балкан и Турција

Во име на Европската комисија, Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување преку проектот на ЕУ за Техничка поддршка за граѓанските организации (TACSO 3) го објави линкот до годишната анкета за граѓанското општество за Западен Балкан и Турција. Истражувањето е дел од оценката во однос на ревидираните насоки на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување за поддршка на...

Видеото не е сегашно и не прикажува „група италијански патриоти“, туку неофашистички протест во 2013 година

Видеото споделено во постот е од инцидент кој датира од 2013 година, a луѓето прикажани на него не се никакви италијански патриоти, туку неонацистичка група. Во периодот кога се случил овој инцидент Урсула Фон Дер Лајен воопшто не беше претседателка на Европската Комисија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук,...

НАТО: Инцидентите на „Северен тек“ се намерна непромислена саботажа и ризик за еколошка штета

НАТО Алијансата изрази длабока загриженост за штетата од гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море. Во соопштението објавено на официјалната веб-страница инцидентите се наречени „намерни, непромислени и неодговорни акти на саботажа кои меѓу другото претставуваат и ризик за сериозна еколошка штета“. „Сите моментално достапни информации покажуваат дека ова е резултат на намерни, непромислени и неодговорни акти на саботажа....

Македонија и регионот се прегреваат, просечните температури ќе бидат и за три степени повисоки

Топлотните бранови во Северна Македонија, како и во другите држави на Западен Балкан, ќе се зголемат по интензитет, времетраење и фреквенција, веројатно за шест до осум пати годишно. Извештајот...