ЕУ ќе воведе ЕУРО 7 стандарди на моторите за намалување на загадувањето од возилата

-

Европската Комисија (ЕК) предвидува нови ЕУРО 7 стандарди за моторите на возилата, со кои ќе се намалат емисиите на издувни гасови и ќе се подобри квалитетот на воздухот во земјите-членки на ЕУ, информираат од ЕК.

Комисијата денеска го презентираше предлогот за намалување на загадувањето на воздухот од новите моторни возила што ќе се продаваат во ЕУ за да се исполни амбицијата за нулта загадување, во согласност со Европскиот зелен договор. Патниот транспорт е најголемиот извор на загадување на воздухот во градовите на ЕУ.

Новите стандарди за издувни гасови ЕУРО 7 ќе обезбедат автомобилите, комбињата, камионите и автобусите да бидат многу почисти во реални услови на возење, што подобро ја отсликува ситуацијата во градовите каде што проблемите со загадувањето на воздухот се најголеми и за многу подолг период отколку според сегашните правила. Предлогот се справува со емисиите од издувните цевки, како и од сопирачките и гумите. Исто така, придонесува за постигнување на новите построги стандарди за квалитет на воздухот предложени од Комисијата на 26 октомври 2022 година.

Иако правилата за емисии на јаглерод диоксид (CO2) ќе го поттикнат распоредувањето на возила со нулта емисија, важно е да се осигураме дека сите возила на нашите патишта се многу почисти, посочуваат од ЕК. Во 2035 година, сите нови автомобили и комбиња продадени во ЕУ ќе имаат нулта емисија на CO2. Сепак, во 2050 година, повеќе од 20 отсто од автомобилите и комбињата и повеќе од половина од потешките возила на улиците во ЕУ се очекува да продолжат да испуштаат загадувачки супстанци, велат од Европската Комисија.

Новите правила се неутрални од аспект на горивото и технологијата, поставувајќи ги истите ограничувања без оглед на тоа дали возилото користи бензин, дизел, е на електричен погон или употребува алтернативни горива.

Ограничувањата ќе бидат построги во иднина за камионите и автобусите, додека најниските постоечки ограничувања за автомобили и комбиња со ЕУРО 7 стандардите сега ќе важат без оглед на горивото што го користи возилото. Новите правила, исто така, поставуваат граници на емисија за претходно нерегулирани загадувачи, како што се емисиите на азотен оксид од тешките возила, информираат од ЕК.

Со ЕУРО 7 стандардите нема да се регулираат само емисиите на издувни гасови, туку и ќе се воведат дополнителни ограничувања за емисиите од сопирачките и правилата за емисиите на микропластика од гумите. Овие правила ќе важат за сите возила, вклучувајќи ги и електричните.

Инаку, усогласеноста на автомобилите и комбињата со новите стандарди ќе се проверува додека овие возила не достигнат 200.000 километри и старост од 10 години. Ова ги удвојува барањата за издржливост што постојат според правилата EУРО 6 (100.000 километри и старост од 5 години). Слични зголемувања ќе има и за автобусите и камионите.

ЕУРО 7 стандардите ќе ја регулираат и издржливоста на батериите инсталирани во автомобилите и комбињата, со цел да се зголеми довербата на потрошувачите во електричните возила. Исто така, новите правила ќе ја намалат потребата за замена на батериите на почетокот од користењето на возилото, со што ќе се намали потребата за нови критични суровини потребни за производство на батерии.

Предлогот на Европската Комисија ќе биде доставен во наредниот период на гласање во Европскиот Парламент и до Европскиот Советот, со цел негово финално усвојување.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...