fbpx
Таг: гас

таг: гас

ИД употреби хемиско оружје во Ирак

Повеќе од 40 лица во северниот дел на Ирак се затруени од гас и имаат осипи откако припадници на Исламска држава го нападнале селото Таза со гранати и со ракети „катјуша“, полни со отровни материи. Ниту еден човек не починал, но петмина се хоспитализирани. Селото Таза се наоѓа на 20 километри од Киркук и е населено со Туркмени шиити. Селото е...

САД преку Хрватска ќе го снабдуваат регионот со гас

По згаснувањето на проектот „Јужен тек“ и притисокот од САД и ЕУ врз транзитните земји да се откажат од проектот, Вашингтон има намера преку Хрватска да го снабдува регионот со гас. САД ја поддржуваат изградбата на пловен терминал кој, како што тврдат, не е насочен против Русија туку кон зајакнување на енергетската независност на Хрватска и на Европа. Координаторот за меѓународни енергетски прашања...

Под лупа договорите на „Газпром“ со европските клиенти за испорака на гас

Европската унија сака да ги испита сите договри што рускиот „Газпром“ ги потпишал со европските компании, заради сомнеж дека се наметнати неправедни цени кои ги прекршуваат трговските прописи на ЕУ, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, повикувајќи се на интерен документ на Европската унија. Според пишувањата на германскиот весник, ЕУ сака да ги добие на увид сите информации за договорите кои...

Македонија потрошила 682.684 мегават-часови електрична енергија во ноември лани

Во ноември минатата година, Македонија потрошила 682.684 мегават-часови електрична енергија, 15,332 милиони кубни метри гас, 481.014 тони јаглен и 88.206 тони нафтени продукти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 66,2 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 95,1 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Украина го казни „Газпром“ со 3,5 милијарди долари

Украинската регулаторна агенција го кази рускиот доставувач на гас „Газпром“ со 3,5 милијарди долари поради злоупотреба на монополската позиција на украинскиот пазар за гас. Одлуката ја објави на „Фејсбук“ Јури Терентјев, шеф на регулаторната агенција. Руската компанија соопшти неделава соопшти дека Украина должи 2,549 милијарди долари за непреземен гас во третиот квартал на минатата година и да биде уплатени во рок...

Нигерија: 100 загинати во експлозија на гас

Најмалку 100 лица загинаа во експлозија во фабрика за преработка на гас на југот во Нигерија, јавуваат локалните медиуми. Несреќата се случила во градот Неви, а загинатите се претежно клиенти кои полнеле гас. Експлозијата и пожарот што следел по неа, биле толку силни што во нив настрадале и жители на околните куќи и случајни минувачи. Неколку тешко повредени лица се префрлени во градската...

Гасот стигна на еден километар од Штип

На еден километар од Штип, на местото каде што се дели гасоводот од Клечовце кон градот, градоначалникот Илчо Захариев и новиот координатор на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, Дејан Ивановски, го објавија доаѓањето на гасот до селото Сушево. Тоа што најевтиниот енергент е на километар од Штип, не значи дека граѓаните наскоро ќе се греат или ќе готват на гас. Во прво време,...

„Газпром“ бара гаранции од „Нафтогаз“ за испорака на гасот

Рускиот производител на гас „Газпром“ соопшти дека од украинската компанија „Нафтогаз“ побарале да им се обезбедат гаранции за количеството на гасот што имаат намера да го купат до крајот на март, пренесува „Ројтерс“. - Имајќи ја предвид тешката финансиска состојба на „Нафтогаз“, не треба да се очекуваат авансни уплати и обновување на договорот за руската испорака на гас пред крајот на годината -...

Турција ќе се снабдува со гас од Катар

Турција и Катар склучија договор за долгорочна испорака на природен гас. Договорот доаѓа по шпекулациите дека Русија би можела да ја прекине испораката на гас за Турција, како дел од воведените трговски санкции. Прелиминарниот договор за испорака на гас од Катар во Турција, го склучиле државната турска корпорација за промет со нафта и со гас, „Боташ“, и Катарската национална нафтена...

Давутоглу: Русија нема да ја сопре испораката на гас за Турција

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, денеска изјави дека не очекува Русија дека ќе ја прекине испораката на гас за Турција, но дека Анкара, сепак, се подготвува за такво сценарио. - Не мислам дека Русија ќе ја сопре испораката на гас. Имаме заемни обврски кои се регулираат според меѓународното право - изјавил Давутоглу. На министерството за енергетика на Турција му било наложено...

„Газпром“ ја сопре испораката на гас за Украина

Руски „Газпром“ утринава ја сопре испораката на гас за Украина до добивањето на новиот аванс, изјави директорот на компанијата, Алексеј Милер. - Денеска, во 10 часот наутро (седум часот според Гринич), „Нафтогаз Украина“ го искористи тоа што претходно го плати. Новиот аванс не стигна – изјави Милер. Тој рече дека „Нафтогаз Украина“ не најавил нова исплата. - Испораката на гас сопира до...

Путин: Гасоводот „Турски тек“ не губи од својата динамика

„Турски тек“ не губи од својата динамика, проектот одговара на интересите на Русија и на Турција, но треба внимателно да биде разгледан, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за „Интерфакс“. Путин истакна дека Русија и Турција имаат многу правни, техничко-економски, технолошки и организациски прашања, кои заеднички треба да ги решат. Тој посочи дека врз темпото на преговорите влијаела политичката ситуација,...

Индустриските цени пониски за 5,1 отсто на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи во септември, вкупно, се пониски за 0,6 отсто на месечно ниво, а за 5,1 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот рударство и вадење камен за 3,8 отсто и во секторот преработувачка индустрија за 5,7...

Кина: 17 загинати во експлозија во ресторан

Седумнаесет лица загинаа во експлозија на гас во ресторан во источниот кинески град Вуху, јавија локалните власти. Експлозијата, која одекнала денеска, предизвикала пожар во малиот ресторан во квартот Џинџу. Вуху се наоѓа во источната кинеска провинција Анхуи.

Турција ѝ се заканува на Русија дека ќе престане да го купува нејзиниот гас

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ја предупреди Русија дека ќе го раскине договорот за купување гас ако руските воздушни сили продолжат да го нарушуваат нејзиниот воздушен простор при бомбардирање на Сирија. Ердоган наведува дека Турција е купувач број еден на рускиот природен гас. - За Русија, губењето на Турција може да биде голема загуба. Ние можеме да купуваме гас од најразлични...

Брисел и Москва потпишаа протокол за испорака на гас за Украина

Русија и Европската комисија потпишаа протокол за испорака на гас за Украина, изјави рускиот министер за енергетика, Александар Новак, додавајќи дека сега редот е на Киев. - Топката сега е на украинската страна, протоколот е потпишан од наша страна и од Европската комисија, Киев ништо не го спречува да ја изврши уплатата во согласност со постигнатите договори – рече Новак. Министерот...

Русија и Украина потпишаа договор за испорака на гас

Русија и Украина синоќа, во Брисел, потпишаа договор за снабдување и за транзит на гас за зимската сезона. Финалните преговори продолжија шест часа и завршија со парафирање дополнителен протокол кон договорот меѓу „Газпром“ и „Нафтогас“, кој ги одредува условите за купување и за испорака на гас од 1 септември годинава до 31 март 2016 година. Договорот се случи откако Русија се согласи...

Сме потрошиле 602.078 мегават-часови електрична енергија во јули

Вкупната потрошувачка во јули, по видови енергенти, изнесува 602.078 мегават-часови електрична енергија, 2.336 милиони кубни метри природен гас, 430.246 тони јаглен и 87.434 тони нафтени продукти, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 64,03 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 95,1 процент од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Цената на рускиот гас за Украина е иста како и за членките на ЕУ

Рускиот премиер Дмитриј Медведев потпиша указ со кој е одредено, цената на гасот за Киев да биде иста како и за членките на ЕУ што се граничат со Украина, објавено е на веб-страницата на Владата на Руската Федерација. Во соопштението се прецизира дека указот се однесува на извозот на гас во период од 1 октомври до 31 декември 2015 година, пренесува „Таш“. Во...

Русија, Украина и ЕУ го договорија зимскиот пакет за испорака на гас

Русија, Украина и Европската комисија постигнаа договор за зимскиот пакет за испорака на гас на Европската унија преку Украина. Договорот ќе почне да важи од 1 октомври, изјави денеска рускиот министер за енергетика, Александар Новак, по разговорот со официјалните лица на Европската комисија, известува „Ројтерс“. Официјална Москва ѝ го одобрила на Украина попустот на цената на гасот за последниот квартал на...

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...