Русија, Украина и Европската комисија постигнаа договор за зимскиот пакет за испорака на гас на Европската унија преку Украина.
Договорот ќе почне да важи од 1 октомври, изјави денеска рускиот министер за енергетика, Александар Новак, по разговорот со официјалните лица на Европската комисија, известува „Ројтерс“.
Официјална Москва ѝ го одобрила на Украина попустот на цената на гасот за последниот квартал на оваа и за првиот квартал на следната година.
Европската унија била подготвена да ѝ исплати на Украина 500 милиони долари за гасот, пренесува руската агенција ТАСС.