fbpx

Повеќе од 60 настрадани во Мека, се урна кран врз најголемата џамија на светот

-

Најмалку 62 лица загинаа кога се урна кран врз најголемата џамија во светот, „Ал харам“ во Мека, јави „Ројтерс“, повикувајќи се на саудиските власти за цивилна заштита.

Агенцијата ТАСС пренесува дека најголем дел од жртвите се верници кои одат на аџилак во ова исламско светилиште.

Според првичните информации, причина за несреќата бил силниот ветар кој го турнал кранот.

Некои од локалните медиуми јавуваат дека несреќата се случила при големо невреме, а причината за падот на оваа огромна машина би можело да биде и удар од гром.

Џамијата веќе две години се реконструира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...