fbpx
Таг: гас

таг: гас

Незири: Енергетска криза ќе нема, но ќе има реални проблеми

Енергетска криза во Македонија нема, но ќе има реални проблеми кои ќе произлезат од блокадата на сметката на „Макпетрол“, изјави денеска министерот за економија, Беким Незири. Тој додаде дека сите лиценцирани компании кои увезуваат нафта и нафтени деривати немаат проблем во набавката на потребните енергенси. Но, „Макпетрол“ е најголем дистрибутер поради широката дистрибутивна мрежа. – Нема да има проблем во...

Кризата со гасот може да биде поголема од кризата со бензини

Блокираната сметка на „Макпетрол“, повеќе може да предизвика криза во однос на испораката на гас, отколку на бензини, сметаат експертите за енергетика кои ги контактираше „Мета“. Според Атанаско Тунески, професор на Машинскиот факултет и поранешен директор на МЕПСО, доколку се случи криза со бензините, таа ќе ја решат другите помали приватници кои ќе надоместат со зголемен увоз. Тој не очекува дека...

Украина: Следна рунда преговори за гасот, на крајот на август

Следната рунда преговори во врска со прашањето за испорака на рускиот гас на Украина ќе се одржи во Виена, на 27 и на 28 август, рече денеска министерот за енергетика и рударство на Украина, Владимир Демчишин. Тој на конференција за новинари, прецизираше дека преговорите на 27 и на 28 август ќе бидат двострани, односно дека ќе бидат вклучени тие и...

„Газпром“ ја стопира испораката на гас за Украина

Рускиот гингант „Газпром“ денеска потврди дека ја стопира испораката на гас за Украина, по неуспехот на разговорите за цената, јавуваат светските медиуми. Ова доаѓа еден ден по објавата на украинската државна енергетска фирма „Нафтогаз“ дека го суспендира купувањето гас од Русија откако разговорите со посредство на Европската унија за продолжување на испораката за наредните три до шест месеци, завршија без...

„Газпром“: Европа ќе се соочи со недостиг од гас во 2025 година

Европа ќе се соочи со дефицит на гас од вкупно 50 милијарди кубни метри во 2025 година поради намалување на производството на природен гас, рече заменик-претседател на „Газпром“, Александар Медведев. - Сонувачите во Вашингтон тешко дека ќе бидат во можност да обезбедат повеќе од 50 милијарди кубни метри гас до Европа годишно - рече Медведев. Тој додаде дека околу 50 милијарди...

Изградбата на „Турски тек“ ќе почне овој месец

Изградбата на гасоводот „Турски тек“, низ кој треба да протече руски гас до Турција, ќе почне кон крајот на јуни, изјави денеска еден од портпаролите на тој проект, зад кој стои рускиот гасен гигант „Газпром“. - Договорот кој во мај е направен со италијансклата градежна компанија „Саип“, ќе овозможи работите на првата од четирите секции на гасоводот „Турски тек“ да...

Украина побара од Русија пониска цена на гасот

Украина бара од Русија да ѝ ја продолжи испораката на гас по пониска цена до крајот на годината, изјави денеска рускиот министер за енергетика, Александар Новак. Кон крајот на октомври, Русија и Украина, со посредство на Европската комисија, го усвоија зимскиот пакет за гас, кој истече на 31 март. Според тој пакет, Русија ѝ испорачуваше гас на Украина по пониска...

Во март сме потрошиле 798.215 мегават-часови електрична енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2015 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 798.215 мегават-часови електрична енергија, 14.327 милиони метри кубни природен гас, 620.827 тони јаглен и 69.860 тони нафтени продукти. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 72,7 проценти во домашната бруто-потрошувачка на електрична енергија, додека 97,3 проценти од вкупната потрошувачка на...

Коѕиас: САД ќе понудат алтернатива за рускиот гасовод

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, најави дека САД се заинтересирани да претстават нова, контрапонуда на рускиот гасовод. Во изјава за „Асошиејтед прес“, грчкиот министер, кој уште денеска е во Вашингтон, најавил дека САД наскоро ќе го испратат специјалниот советник на Стејт департментот, Амос Хохстајн, во Атина, за преговори околу потенцијалната енергетска соработка. - САД се волни да ни понудат...

Почна изградбата на гасоводот низ Македонија

Во кумановското село Клечовце, денеска почна изградбата на магистралниот гасовод делница Клечовце - Блок станица 5, дел од проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Македонија. Првиот дел од гасоводот, во должина од 61 километар, ќе го гради руската компанија „Стројтрансгас“. Вредноста на инвестицијата изнесува 75,7 милиони долари, од кои 60 милиони произлегуваат од намирувањето на клириншкиот долг. На...

Русија гради гасовод во Македонија?!

Компанијата „Стројтрансгас“ на рускиот бизнисмен Генадиј Тимченко почна да гради крак од магистралниот гасовод Клечовце-Неготино во Македонија, во вредност од околу 75 милиони долари, објави рускиот весник „Комерсант“, кој се повикува на извор кој е запознаен со состојбата. Се работи на првата фаза во должина од 61 километар и со пречник од 508 милиметри, кој ќе овозможи гасот да стигне...

Русија најави прекин на испораката на гас за Украина

Русија се закани со целосно прекинување на испораката на гас за Украина, доколку официјален Киев во рок од два дена не го плати долгот, соопшти „Газпром“. Директорот на „Газпром“, Алексеј Милер, посочи дека официјален Киев повлекува сè што може да повлече од платените резерви и оти прекинот на испораката за гас за Украина може да предизвика транзитен ризик за Европа.

Војводина: 19 ученици затруени со гас на час по физичко

Деветнаесет ученици од основно училиште во местото Шајкаш во Бојводина се оснесвестиле за време на часот по физичко воспитување, најверојатно, поради труење со плин, јавуваат војводинските медиуми. - Дошло до масовно труење на деца со гас, а 10 ученици се хоспитализирани во Детската болница во Нови Сад – соопшти портпаролот на болницата, Душан Вуковиќ, додавајќи дека децата се во стабилна...

Најмалку седум загинати во експлозија на гас во Мексико

Најмалку седум лица загинале, од кои четири деца, кога камион за доставување гас експлодирал во близина на детска болница во Мексико Сити, пренесуваат светските медиуми. Од градските власти изјавиле дека во екслозијата уште најмалку 54 лица биле повредени, од кои 22 деца. Официјални претставници оттаму навеле дека се стравува дека под рушевините на зградата има уште настрадани, но колкав е нивниот...

„Нафтогас“ ѝ исплати 1,65 милијарда долари на „Газпром“ од заостанатиот долг

Украинската компанија „Нафтогас“ соопшти дека на руски „Газпром“ му префрлила 1,65 милијарда долари од заостанатиот долг за испораката на гас во последните два месеци на 2013 година, како и за гасот испорачан во периодот од април до јуни 2014 година. „Нафтогас“ досега, во согласност со договорот од Брисел, во две транши исплати 3,1 милијарди долари од заостанатиот долг. „Газпром“ и „Нафтогас“, во октомври...

За гасот има алтернативи, но треба посериозно да се работи на нив

По новонастанатата ситуација со изградбата на гасоводот „Јужен тек“, на кој требаше да се приклучи и гасоводниот систем во Македонија, експертите се со поделени мислења. Според едни, Македонија има доволно гас за наредните пет-шест години, а алтернативи за понатаму постојат, додека според други, станува збор за проблем за кој Владата треба посериозно да размислува. - Македонија нема да има никакви...

Европа на нозе за „Јужен тек“, Македонија молчи

По изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија е принудена да се повлече од проектот „Јужен тек“, поради тоа што Европска Унија не сака да ја поддржи изградбата на гасоводот, денеска реакции пристигнаа од повеќе засегнати страни. – Ако Европска Унија не сака да го спроведе проектот „Јужен тек“, тогаш нема да биде спроведен. Всушност, не само што Европската...

Русија ќе ја запре изградбата на „Јужен тек“

Владимир Путин изјави дека Русија е принудена да се повлече од проектот „Јужен тек“ поради тоа што ЕУ не сака да ја поддржи изградбата на гасоводот. - Ако Европска Унија не сака да го спроведе проектот „Јужен тек“, тогаш нема да биде спроведен. Всушност, не само што Европската комисија не обезбеди помош во спроведувањето на проектот, туку создаваше пречки - рече...

Бајден: Време е Европа да ја намали зависноста од руските нафта и гас

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, во денешниот говор на конференцијата на Атлантскиот совет во Истанбул, рече дека е време Европа да ја подобри енергетската безбедност и да најде други извори за снабдување со енергенти за да ја намали зависноста од Русија, пренесуваат светските медиуми. Тој предупреди на досегашната практика на Русија, енергентите да ги користи како оружје во својата политика кон соседите. Американскиот...

Кобољев: Украина може да ја преживее зимата без руски гас

Украина би можела да ја преживее зимата без рускиот гас, смета директорот на „Нафтогас Украина“, Андреј Кобољев. Според Кобољев, Украина би можела да се обиде зимава, со воведување одредени мерки на штедење, да ја намали потрошувачката и да ја мине зимата без гас од Русија. Заменик директорот на „Нафтогас“, Јуриј Колупаљо, денеска на прес-конефернција истакна дека украинските индустриски претпријатија за десет...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...