fbpx
Таг: буџет

таг: буџет

Со платформата „Отворени финансии“ граѓаните ќе имаат увид во трошење на нивните пари во буџетот

Во Македонија конечно се отвори државниот трезор на Министерството за финансии и на увид на граѓаните ги ставаме минатите, сегашните и сите идни финансиски трансакции на буџетските корисници од буџетот, рече денеска премиерот Зоран Заев на промоцијата на веб-платформата Отворени финансии. „Електронскиот систем на трезорот го поврзавме со веб-платформата која ја нарековме Отворени финансии, во која може да се најдат...

Анализа: Како ќе се дели буџетскиот колач 2020 година?

Повеќе пари за претседателот на државата, за министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за надворешни работи, за правда, за труд и социјална политика, за образвание, за здравство, за економија, дури двојно повеќе пари за Министерството за финансии - функции на држава, предвидува Буџетот за 2020 година. Покрај министерствата, и дел од институциите, агенциите, инспекторатите ќе добијат повеќе пари во...

Наместо нови директори, повеќе пари за „обезглавените“ институции во новиот буџет

Како се планираат буџетите на државните институции и како се одлучува кој ќе добие помалку, а кој повеќе средства е прашање што заслужува внимание откако Владата во предлог-буџетот за 2020 година им додели повеќе пари на три институции кои поради политички несогласувања подолго време се без директори, покажува новото продолжение од анализата на „Мета.мк“ на предлог-буџетот за 2020 година...

Многу повеќе пари за патни трошоци, договорни услуги и привремени вработувања во буџетот за 2020 година

Владата во предлог-буџетот за 2020 година предвидела 924 милиони денари или околу 15 милиони евра за патни и дневни расходи што е зголемување за 5,3 милиони евра во однос на годинашниот буџет во кој за оваа намена се одвоени 599 милиони денари (9,7 милиони евра), утврди „Мета.мк“ во второто продолжение од анализата на новиот предлог-буџет. Освен патните и дневните расходи,...

Контраспин: Предизборното зголемување на пензиите, сепак, не ја зголемува дупката во Фондот

klupi penzioneri zheshko sonce toplo
Иако е фер да се каже дека и оваа влада на СДСМ „игра“ предизборно со пензионерите, разликата со ВМРО-ДПМНЕ е огромна, затоа што дупката во Фондот е стабилизирана, дури и намалена и тој остварува „ќар“ на сопствените приходи, а зголемувањето на пензиите нема да резултира и со зголемен одлив од Буџетот, пишува Теофил Блажевски во рубриката „Контраспин“ на „Вистиномер.мк“. Спин: ...

Во новиот буџет има 53 милиони евра за поголеми плати во администрацијата

Владата во буџетот за 2020 година одвои 30,6 милијарди денари или околу 497 милиони евра за исплата на плати и надоместоци во администрацијата, што е зголемување за 325 милиони денари или 53 милиони евра во однос на буџетот за 2019 година каде за оваа намена се предвидени 27,3 милијарди денари или околу 444 милиони евра, покажува анализата на „Мета.мк“...

Арсовска: Нејасно е како ќе оствариме раст од 3,8 отсто кога влегуваме во изборна година

Претседателката на Сојузот на стопански комори (ССК), Данела Арсовска денеска реагираше за предвидениот економски раст во буџетот за следната година, намената на средствата како и тоа дека за стопанството се издвоени малку пари. „Во состојба на континуирани политички превирања имаше потфрлање на повеќе полиња во изминатата година, особено во делот на реализација на капиталните инвестиции, дополнително треба да се има...

Предлог-буџетот тежи 3,9 милијарди евра, голем дел за плати и зголемување на пензиите

Предлог-буџетот за 2020 година изнесува 3,9 милијарди евра, информираше денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев во Владата. Најголем дел од средствата, како што истакна таа, ќе бидат вложени во човечкиот капитал, односно за подобрен животен стандард и задржување на младите во државата. „Доколку не вложуваме континуирано во човечкиот капитал, како земја нема да имаме работна...

Владата ја отвори расправата за прeдлог-буџетот за 2020 година, но ќе го утврди на наредната седница

Владата на 163. седница ја отвори расправата за предлог-буџетот за 2020 година, но ќе биде утврден идната недела. „Министрите во Владата ги презентираа програмите кои треба да се финансираат од буџетот за наредната година и донесоа одлука предлог-буџетот за 2020 година, како и предлог-законот за извршување на буџетот за 2020 година да бидат утврдени на наредна седница на Владата која...

Димовски: Ребалансот на буџетот е неразвоен и неодржлив

Пратениците во Собранието, втор ден расправаат за ребалансот на буџетот за годинава, во отсуство на министерката за финансии Нина Ангеловска. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски ѝ забележа на Ангеловска што не е присутна на седницата за да го брани ребалансот, што според него само го покажува односот што Владата го има кон пратениците. - Нејзиното неприсуство покажува дека одлуките не...

Ангеловска: Со ребалансот парите ќе отидат таму каде што најефикасно ќе бидат искористени

Повеќе пари кај граѓаните и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање нови работни места и исплата на повисоки плати, се целите на ребалансот на буџетот за 2019 година што министерката за финансии Нина Ангеловска ги посочи пред пратениците на пленарна седница во Собранието. Со ребалансот се алоцираат средства онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се...

Дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот на собраниска седница

Дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот за 2019 година, што минатата недела помина во Владата, е доставен во Собранието и е на дневен ред на денешната седница како последна точка. Дополнетиот предлог ги содржи деветте амандмани што беа прифатени на расправата по предлог-ребалансот во собраниската матична Комисијата за финансирање и буџет, а кои главно опфаќаат реалокација помеѓу веќе утврдените ставки во рамки...

Владата го преправи ребалансот на буџетот

На вчерашната редовна 157 седница, Владата го утврдила дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година, откако текстот на предлогот за ребаланс на буџетот ја помина постапката на комисиска расправа во Собранието на Република Северна Македонија во комисиите за финансирање и буџет и законодавно-правната комисијја. Со измените прифатени вчера, „се обезбедуваат средства за...

Прифатени амандмани на ребалансот на буџетот за проекти за локална инфраструктура

Амандмани со кои ќе се алоцираат средства за два проекти од локална инфраструктура, беа прифатени од Министерството за финансии на вчерашната комисиска расправа за ребалансот на буџетот во Собранието, на која присуствуваше заменик-министерката за финансии, Ширет Елези. „Станува збор за два амандмани, едниот предложен од пратеници од владејачкото мнозинство, а другиот од пратеници од опозицијата, во вкупна вредност од околу...

Ангеловска: Преку ребалансот, парите се распределуваат кај граѓаните и бизнисот

Со ребалансот на буџетот се обезбедува поддршка за поголеми плати во приватниот и јавниот сектор, повеќе средства за активни мерки за вработување и средства за проектот „МојДДВ“, преку кој за помалку од три месеци на граѓаните ќе им биде извршен поврат на ДДВ, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска образлагајќи го истиот на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според...

Ребалансот на буџетот влегува во матичната собраниска комисија

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година, во матичната Комисија за финансирање и буџет. Со ребалансот на буџетот приходите се планирани од 210,5 милијарди денари, расходите на 228,3 милијарди денари, а дефицитот е непроменет од 17,7 милијарди денари односно 2,5 проценти од домашниот бруто-производ (БДП). Во однос на капиталните инвестиции, тие се намалени за 50...

Ребаланс: Владата го зголеми буџетот на Обвинителство, а ги преполови парите за нов клинички центар во Скопје и Штип

Имплементацијата на Законот за кривична постапка е поголем приоритет за Владата отколку изградбата на нови клиники и реконструкцијата на студентските домови, покажува предлог-ребалансот на буџетот во кој се зголемуваат буџетските средства наменети за Јавното обвинителство, а се намалуваат парите предвидени за новите објекти во здравството и за изградба и реконструкција на ученички и студентски домови. Ова го покажуваат наодите од...

Владата се откажува од изградба на амбуланти во руралните подрачја

Владата целосно се откажува од изградба и реконструкција на амбуланти во руралните подрачја во државата, открива предлог-ребалансот на буџетот што го усвои Владата на последната седница. Во документот може да се види дека во потпрограмата „Амбуланти во рурални подрачја“ кај Министерството за здравство од првично планираните 3.000.000 денари со ребалансот не е одвоен ниту денар, а пари за оваа намена...

Ребаланс: Помалку пари за нови водоводи, повеќе за плати во администрацијата

Со забавена динамика ќе се реализираат повеќе проекти за изградба на нови водоводи, системи за отпадни води и наводнување откако Владата со ребалансот на буџетот ги намали парите предвидени за оваа намена, покажуваат наодите од анализата на „Мета“ на предлог-ребалансот на буџетот за 2019 година кој наскоро треба да се најде на расправа пред пратениците во Собранието. Од друга страна,...

Со ребалансот се намалуваат средствата предвидени за НАТО интеграција

Министерството за финансии го објави предлог-ребалансот на буџетот кој го усвои Владата на последната седница во кој можат да се забележат повеќе детали за прераспределбата на парите од државната каса кои не беа соопштени од надлежните при претставувањето на буџетските промени. „Мета“ го анализираше ребалансираниот буџет и во три продолженија ќе ги презентира наодите од анализата. Во документот може да се...

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...