fbpx

Владата се откажува од изградба на амбуланти во руралните подрачја

-

Владата целосно се откажува од изградба и реконструкција на амбуланти во руралните подрачја во државата, открива предлог-ребалансот на буџетот што го усвои Владата на последната седница.

Во документот може да се види дека во потпрограмата „Амбуланти во рурални подрачја“ кај Министерството за здравство од првично планираните 3.000.000 денари со ребалансот не е одвоен ниту денар, а пари за оваа намена не се предвидени ниту во наредните години.

„Целта на оваа потпрограма е подобрување на условите за пружање на здравствена заштита на населението во руралните подрачја, подобрување на здравјето на населението и намалувањето на трошоците за пристап до здравствените услуги. Реконструкцијата на руралните амбуланти ќе придонесе за намалување на морбидитетот на населението, подобрување на квалитетот на живеењето и запирање на процесот на миграција село-град“, пишува во објаснувањето на оваа потпрограма во предлог-ребалансот на буџетот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...