четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Брисел | 270 резултати

Хан: Можеби треба да видиме поинаков пристап за спорот за името

ноември 12, 2014

По 20 години нерешавање на спорот за името, можеби би требало да видиме дали е можен поинаков пристап, изјави за „Радио Слободна Европа“ новиот еврокомесар за преговори за проширување, Јоханес Хан, во врска со спорот за името меѓу Македонија и Грција. Тој, според Хан, влијае врз понатамошното интегрирање на земјите од Западен Балкан и не е во […]

Попоски на средба со Хан во Брисел

ноември 12, 2014

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе разговара со новиот еврокомесар за преговори за проширување, Јоханес Хан, во Брисел. Предвидено е Попоски да учествува и на дебатата „ЕУ, Западниот Балкан и регионалната стабилност“. Вчера тој имаше средби со неколкумина пратеници во Европскиот парламент. – Земјите-членки на ЕУ ттреба да преземат одговорност во однос на […]

Никола Попоски во дводневна работна посета на Брисел

ноември 11, 2014

Земјите-членки на Европска Унија да преземат одговорност за почетокот на преговорите за членство на Македонија во Унијата, бидејќи земјата веќе шест години добива препорака, а преговорите никако да почнат, им порача министерот за надворешни работи Никола Попоски на своите соговорници, пратеници во Европскиот парламент, со кои денеска се сретна во Брисел. Министерот е во дводневна […]

Брисел: Повици за оставка на новиот претседател на ЕК

ноември 10, 2014

Се зголемува притисокот врз новоизбраниот претседател на Европската комисија, Жан Клод Јункер, откако меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари ги откри минатата недела тајните договори кои луксембуршката влада редовно ги склучува со големи меѓународни приватни компании за да им овозможи минимално плаќање данок. Шемата наречена „такс рулинг“, иако не е нелегална, била чувана во тајност, отворајќи низа […]

Јоханес Хан в среда на средба со Поповски во Брисел

ноември 8, 2014

Новиот комесар на Европска Унија надлежен за соседската политика и за преговорите за проширување, Јоханес Хан, на 20 ноември ќе ги посети Белград и Подгорица, а претходно, в среда, ќе го прими македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. Ова е прва посета на еврокомесарот Хан на регионот и е дел од планот на почеток […]

Масовни протести во Брисел поради мерките за штедење, полицијата употреби солзавец

ноември 6, 2014

Белгиската полиција употреби солзавец и водени топови во судирот со демонстрантите кои денеска протестираат во главниот град Брисел, пренесуваат светските медиуми. На улиците на Брисел, на протести излегоа најмалку сто илјади луѓе, кои се против владините реформи за слободен пазар и мерките за штедење. Според демонстрантите, реформите ги поткопуваат принципите на Белгија како социјална држава. […]

Страна 14 од 14