Фото: принтскрин, КОД, ТВ Телма

Изјавата дека Северна Македонија има најголема стапка на смртност во регионот не е точна. Знам дека Северна Македонија е меѓу земјите кои се најтранспарентни во споделувањето на националните бројки и статистиките, ова го изјави Џихан Тавила, претставник на Светската здравствена организација во Македонија, за емисијата КОД на „Телма ТВ“.

„Треба да бидеме многу внимателни кога ги споредуваме земјите, поради можните разлики во начинот на кој се собираат податоците и тоа што го знаеме е дека податоците можат единствено да бидат интерпретирани и разбрани во локалниот контекст. Како резултат, секогаш ќе има ограничувања во обидите да се прават споредувања и нема секогаш иста конзистентност на податоците за смртните случаи меѓу земјите“ потенцираше Тавила.

Таа појаснува дека стратегиите за тестирање кај сите земји се различни, појаснувајќи дека како се зголемува бројот на тестирања, така и ќе се зголемува бројот на новозаразени лица со ковид-19.

Тавила нагласи дека Северна Македонија е една од државите која прави посмртен тест за корона вирус.

„Северна Македонија е меѓу земјите која е најтранспарентна во споделување на бројките и статистиките. Изјавата дека…

Gepostet von Венко Филипче am Dienstag, 23. Juni 2020