Светска банка за Порталб: Од близу ја следиме истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово

-

Имајќи го во предвид фактот дека преку заем од Светската банка се изградени модуларните болници низ Северна Македонија, меѓу нив и тетовската, која изгоре, Порталб се обрати до оваа институција барајќи податоци во врска со тоа како го проверуваат квалитетот на проектите за кои доделуваат средства. Од таму одговорија дека внимателно ја следат истрагата и причините за оваа трагедија, пишува Порталб.мк.

„Пожарот во модуларната болница во Тетово е страшен инцидент и ние изразуваме најдлабоко сочувство за семејствата и блиските на жртвите и преживеаните. Владата на Северна Македонија спроведува истрага за причината на оваа трагедија и ние ја следиме истрагата внимателно“, изјавија од Светската банка за Порталб.мк.

Иако Порталб.мк побара конкретни одговори, од Светска банка рекоа дека во моментов нема да откријат повеќе детали.

Меѓу поставените прашања од Порталб до Светската банка се за тоа дали нивни претставници учествуваат во пуштањето во употреба на модуларните објекти, дали ја добиваат техничката документација, дали имаат записник од техничкиот прием, како се проверува квалитетот.

Сепак, на поставените прашања, одговор ќе треба да даде и истрагата која ја спроведуваат германските експерти заедно со обвинителството.

До овој момент, истражните органи велат дека ја имаат целата документација и дека истрагата продолжува.

„Се очекуваат резултатите од вештачењето и се врши и испрашување на сите лица кои со нивните информации може да помогнат во откривањето на причините за избувнување на пожарот“, изјавија од Обвинителството.

Потсетуваме дека во средата на 8 Септември – Денот на независноста, околу 21 часот, ковид-центарот во Тетово беше зафатен од пожар, а животот го загубија 14 лица. Како последица на овој настан, министерот Филипчеи неговиот заменик-министерот Хасани поднесоа оставки од функциите, заедно со двајцата директори на Болницата во Тетово, Артан Етеми и Фљорин Бесими.

Премиерот Зоран Заев на повеќе наврати посочи дека ќе одлучи дали ќе ги прифати оставките откако ќе заврши истрагата.

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа свеќи и...

Студентите во Белград оддадоа почит на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани

Група студенти и граѓани на Белград денес се собраа пред зградата на амбасадата на Македонија, за да им оддадат почит на настраданите во дискотеката во Кочани. Собраните положија цвеќе, запалија свеќи...

НУНС: Недопустливо е бесрамното искористување на жртвите од трагедијата за лична промоција

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ вчера во придружба на поголем број новинари, сниматели и фоторепортери ги посети државјаните на Македонија кои се повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, а...

Погребот на жртвите во Кочани ќе биде в четврток

Лицата кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе бидат погребани во четврток, информираше денеска директорот на Центарот за упрвување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој кажа дека на...

Мирен собир на скопскиот плоштад за почит кон жртвите од трагедијата во Кочани

На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа...