fbpx

Денеска се регистрирани 183 нови случаи на ковид-19, пријавени се 18 починати лица

-

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.035 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19: Скопје – 132, Куманово – 13, Кавадарци – 6, Прилеп, Струга и Крива Паланка – по 3, Тетово, Битола, Велес, Охрид, Срумица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 2, Гостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица – по 1.

Во изминатото деноноќие пријавени се 18 починати лица: 9 починати лица од Скопје (85г, 80г, 69г, 67г, 64г, 61г, 59г, 57г, 52г), 4 починати лица од Кавадарци (88г, 88г, 72г, 60г), по две починати лица од Тетово (81г и 48г) и Битола (81г, 79г) и едно починато лице од Гостивар (78г). Од пријавените 18 лица, 16 се починати во болнички услови, а две се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 531 оздравени пациенти од: Скопје – 189, Тетово – 68, Струмица – 32, Гостивар – 26, Дебар – 24, Кавадарци – 23, Куманово – 22, Кичево – 17, Битола и Штип  – по 12, Прилеп, Велес, Свети Николе и Берово – по 11, Делчево – 9, Крива Паланка и Ресен – по 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Македонски Брод – 5, Радовиш – 4, Неготино и Валандово – по 3, Кратово и  Крушево – по 2, Струга, Гевгелија, Македонска Каменица, Богданци и Пехчево – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.705, бројката на оздравени пациенти е 164.383, на починати е 6.277, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 13.045.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...