fbpx

Светозар Јаневски, добитник на наградата за бизнис-лидер на столетието

-

Бизнисменот Светозар Јаневски, во конкуренција од 340 кандидати од регионот, е добитник на меѓународната награда за животно дело во претприемништвото „Креатори на столетието“.

Престижната награда му беше доделена на самитот на претприемачи од регионот „300 најдобри“, што се одржа во Дубровник, Хрватска.

Јаневски, кој е претседател на управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“ и партнер во инвестициската група М6, е единствениот награден бизнис-лидер од Македонија.

Изборот траеше 20 месеци, а одлуката ја донел меѓународен комитетот составен од 12 членови од Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и од Македонија.

На самитот во Дубровник присуствуваа бизнис-лидери, претставници на државни институции, како и на граѓански и на деловни здруженија од Југоисточна Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...