fbpx

Направил тешка сообраќајка, бегајќи со украдено возило

-

Триесет и шестгодишен жител на тетовското село Пршовце вчера добил тешки телесни повреди во сообраќајната несреќа што ја предизвикал додека управувал со украдено возило, информира портпарлот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тој ја искористил невнимателноста на негов соселанец, кој го оставил клучот во бравата од својот автомобил, „опел вектра“, влегол внатре, го стартувал возилото и се упатил кон Тетово. На околу стотина метри пред влезот во селото Слатино, на регионалниот пат Јажинце – Тетово, загубил контрола над автомобилот, излетал од патот и удрил во две пракирани возила.

Од излетувањето и од ударот тој добил скршеница на десниот колк, други скршеници и повреди на екстремитетите и веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, од каде поради тежината на повредите, бил пренесен на скопските клиники.

Вкупната материјална штета од сообраќајната несреќа се проценува на околу 200.000 денари.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...