fbpx

„Свадба.док“ е добитник на главната награда на фестивалот на непрофесионален филм „Велес 2015“

-

Александар Андоноски од Прилеп за филмот „Свадба.док“ е добитник на главната награда и на наградата за режија на 44. Државен фестивал на непрофесионален филм „Велес 2015“ во организација на Кино-сојузот на Македонија, Народна техника на Македонија и на Народниот театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ од Велес.

На сцената на велешкиот театар, синоќа наградата му ја врачи претседателот на жирито, Јордан Витанов.

Витанов, заедно со останатите два члена на жири-комисијата, Илинденка Петрушева и Миле Петковски, го издвоија филмот на Андоновски во силна конкуренција од прикажани 19 филмови од вкупно 44 кои пристигнаа на фестивалот. Воедно, од Светската асоцијација на непрофесионален филм УНИКА, беше врачена специјална награда – златен медал на Кинотека на Македонија.

Во категоријата документарни филмови, жирито одлучи златната плакета да ја добие Перо Кованцалиев за филмот „Вујче“, а во категоријата кратки играни филмови, филмот„Кројачи“ на Тамара Котевска. Беа доделени и авторските награди. Награда за најдобра монтажа за филмот „Свадба.док“ добија Јован Вељановски и Зоран Пилоски, за најдобро сценарио – Ана Андонова за филмот „Грашок“, а за најдобра камера – Дејан Џолев за филмот „Кројачи“.

Жирито одлучи првпат да додели и специјална награда за најдобра музика на Џенгис Ибрахим за филмот „Правецот“. Воедно, добитникот на главната награда, Александар Андоноски, доби и награда за најдобра режија.

Роберт Јанкулоски, генерален секретар на Кино-сојузот на Македонија, во својство на организатор на фестивалот, појасни дека целта на овој фестивал е да ги промовира младите автори, во што и со години успева, за тие потоа да прераснат во професионални автори на филм. Воедно, годинава првпат во конкуренција влегле и многу филмови на студенти по режија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...