fbpx

Јеловјане не го дава последниот извор на вода

-

Со жив штит, селаните од шарпланинското село Јеловјане ќе го бранат последниот извор, од кој селото се снабдува со вода за пиење. Според месната заедница од Јеловјане, Општина Боговиње на незаконски начин преку прокет за нов водоводен ситем, сака водата од единствениот извор од нивниот атар, да ја пренасочи кон другите села.

– Со тоа ќе останеме без капка вода за пиење, пасиштата и нивите ќе пресушат и единствен излез ќе биде да се отселиме од ова село, кое претежно егзистира од земјоделство и од сточарство – велат жителите од Јеловјане.

Според нив, локалната власт од Боговиње упорно настојува да им ја земе и последната капка вода.

– Претходно од нашиот атар ни зедоа 13 извори, сега сакаат и последниот – изјави Рамиз Фејзулаи, претседател на месната заедница од село Јеловјане.

Жителите на Јеловјане ова го сметаат за притисок за тие да го напуштат селото.

– Откако претходно ни зедоа голем број извори, за потребите на другите села, повеќе од 100 хектари плодно земјиште се исуши и сега веќе не можеме да го употребуваме, затоа што немаме вода. Поради тоа ни се намали и сточниот фонд – рече Неџат Фејзулаи, жител на Јеловјане.

Фејзулаи додаде дека водата од изворот нема да се користи за пиење, туку за потребите на фабрика за амбалажирање вода, која допрва треба да се изгради.

– Ние ќе умираме од жед, некој ќе се богати – изјави Фејзулаи.

Градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи, рече дека изворите со вода на Шар Планина им припаѓаат на сите жители од општина Боговиње и не се сопственост на село Јеловјане. Тој тврди дека проектот за нов водоводен систем нема да му нанесе никаква штета на Јеловјане.

– Изворите со вода се користат еднакво за сите села што имаат потреба и тоа е ставот на Општината – изјави Идризи.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...