Судијката што треба да го суди Груевски, избрана за в.д. претседател на Кривичен суд

-

Вршител на должност претседател на Кривичниот суд во Скопје ќе биде судијката Татјана Михајлова, додека в.д. функцијата во Врховниот суд ќе ја извршува судијката Снежана Бајлозова.

Вака денеска на седница одлучи Судскиот совет, кој со мнозинство гласови ги избра двете судијки за тие функции.

Инаку Татјана Михајлова е судијката што треба да ги суди поранешниот премиер и актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кои се првоосмничени во случајот за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година.

Ова е еден од двата први случаи за кои СЈО поднесе обвиненија во септември годинава.

Михајлова, исто така, беше и истражна судијка во случајот „Ликвидација“, во кој на четири и пол години затвор беше осуден новинарот Томислав Кежаровски, а по силните реакции во јавноста казната му беше намалена на две години.

Судијката на Врховниот суд, Снежана Бајлозова, изминативе десетина години неколкупати беше во фокусот на јавноста, особено по ослободителната пресуда за кондовецот Агим Красничи пред 10 години, како и „благите“ казни на кои ги осуди припадниците на специјалните полициски единици што ја демолираа дискотеката „Процес“ во 2006 година.

Бајлозова беше една од кандидатите за претседател на Врховниот суд заедно со Лидија Неделкова, на која вчера ѝ истече мандатот, поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и судијката Беса Адеми.

Двете судијки на денешната седница беа на предлог на претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски. Тој истакна дека Михајлова и Бајлозова имаат највисоки оценки во Кривичниот, односно во Врховниот суд, каде што работат. Членовите на Судскиот совет едногласно, со 13 гласа „за“ од 13 членови кои гласаа, ја избраа Бајлозова, додека за изборот на Михајлова гласаа девет членови на Судскиот совет, а четворица беа против.

Одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на седницата, Караџовски рече дека двете судијки се предложени и избрани за в.д. претседатели врз основа на оценките на нивната работа во 2014 година и додаде дека за разлика од изборот на претседатели на овие два суда, кој треба да случи по изборите, за изборот на в.д. претседатели не било потребно вонредно оценување.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...