Судењето за „Траекторија“ одложено за 26 декември поради „Шамарите во Центар“

-

Судијата Горан Бошевски по кратка работа на денешното рочиште од судењето за случајот на СЈО, „Траекторија“, го прекина рочиштето откако беа слушнати барањата на одбраната на обвинетите. Следното рочиште ќе се одржи на 26 овој месец, а денешното беше прекинато бидејќи во судницата во 11.30 часот треба да продолжи судењето за случајот „Шамари во Општина Центар“.

Денеска адвокатите на одбраната побараа да ги добијат 315-те снимки од прислушувани разговори и СМС-пораки што специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова ги достави како доказ. Најголем дел од нив досега не се објавени. Судијата Бошевски рече дека на следното рочиште ќе се изјасни околу барањата на адвокатите на обвинетите да ги слушаат снимките во судот, откако тој и петчлениот судски совет ќе го разгледаат барањето.

Во случајот „Траекторија“, за изградбата на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, обвинети се поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски, и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Груевски е обвинет за примање награда за противзаконито влијание, а другите тројца за злоупотреба на службената положба и овластувања.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...