петок, 12 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Траекторија | 23 резултати

Денеска рочишта за „Траекторија“, „Труст“ и „Тарифа“

јули 12, 2018

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, „Труст и „Тарифа“. Во „Траекторија“ осомничени се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор за државни патишта Љупчо Георгиевски, дека во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во […]

На рочиштето за „Траекторија“ се слушаа 30 „бомби“, судењето продолжува на 4 јули

јуни 26, 2018

о Кривичниот суд денеска на рочиштетот за предметот „Траекторија“ на СЈО беа пуштени 30 „бомби“ односно прислушувани разговори кои СЈО ги доставило како докази, а се однесуваат за периодот во јануари 2013 година. Во дел од разговорите во кои скоро сите ги води поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески се слушаа информации околу […]

Судењето за „Траекторија“ одложено за 29 мај

мај 23, 2018

Адвокатот Димитар Дангов на денешното рочиште за предметот „Траекторија“ побара судењето да се одложи за 29 мај, бидејќи, како што рече, еден од обвинетите, Никола Груевски напладне ќе присуствува на соопштување на пресудата за предметот „Тенк“. Во случајот „Траекторија“ обвинети се Никола Груевски, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски поради тоа што во втората […]

Во Кривичeн суд Скопје денеска судења за „Монструм“ и „Траекторија“.

мај 23, 2018

Во Кривичниот суд во Скопје ќе се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Монструм“ и „Траекторија“. На рочиштето за „Монструм“ исказ  треба да дадатт двајца обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. На претходното рочиште повеќе од пет часа исказ даваа обвинетите Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири, […]

Одбиено барањето за изземање на судечкиот совет за „Траекторија“

април 17, 2018

Рочиштето за предметот „Траекторија“ на СЈО попладнево продолжи откако судијата Горан Бошевски соопшти дека е одбиено како неосновано барањето на одбраната за изземање на судечкиот совет и судиите поротници. Адвокатот Еленко Миланов, којшто го побара тоа рече дека одбивањето на барањето за изземање на судечкиот совет и отфрлањето на барањето за изземање на претседателот на […]

Одбраната побара изземање на судиите во „Траекторијa“

април 17, 2018

Одбраната на обвинетите во судењето „Траекторија“, по обвинение на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на денешното рочиште побара изземање на Судечкиот совет, како и на претседателот на Кривичен суд, Иван Џолев, и на судии од Апелацискиот суд. Адвокатот Еленко Миланов рече дека изземањето го бараат поради информации и изнесени од специјалната обвинителка Катица Јанева на една […]

Судења за „Траекторија“ и „Триста“ во скопскиот Кривичен суд денеска

март 20, 2018

Во Основен суд Скопје 1 (Кривичен суд) денеска треба да се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречени „Траекторија“ и „Триста“. На рочиштето за „Траекторија“, за договорот со кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер […]

Груевски, Јанакиески и Пешевски се изјаснија за невини во случајот „Траекторија“

март 1, 2018

Кривичниот суд го одби барањето на поранешниот премиер Никола Груевски „бомбите“ да не бидат докази во случајот со провизии од кинеските автопатишта со што започнаа воведните говори во случајот на СЈО „Траекторија“. Во судницата покрај Груевски присутни се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на […]

Продолжува судењето на Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски за „Траекторија“

март 1, 2018

Во скопскиот Кривичен суд (Основен суд Скопје 1) денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот на СЈО „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО, тие […]

Груевски за „Траекторија“ ги спори СМС-пораките, СДСМ и СЈО можеле да ги менуваат

февруари 14, 2018

Поранешниот премиер Никола Груевски во продолжението на рочиштето за случајот „Траекторија“ побара од судот да ги отфрли СМС-пораките како недозволен доказ, бидејќи, како што рече, не може да се утврди нивната автентичност и оти многу лесно може да се манипулира нивната содржина. Тој рече дека е можно тоа да се правело и во СДСМ и […]

Груевски стаса на рочиштето за „Траекторија“ дури откако тоа се одложи

декември 26, 2017

Откако судијата Горан Бошевски на самиот почеток го одложи за денеска закажаното рочиште за случајот „Траекторија“ а потоа замина и обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, во Основен суд Скопје 1 со задоцнување стаса и поранешниот премиер Никола Груевски. Судијата Бошевски даде два предлога за следното продолжение на судењето – 31 јануари […]

Јанакиески и Пешевски пристигнаа во суд, се чека Груевски

декември 26, 2017

Во Основен суд Скопје 1 пред малку пристигнаа поранешните министер и вицепремиер Миле Јанакиески и Владимир Пешевски, а се чека и Никола Груевски, пред да почне судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, во кој се обвинети за злоупотреба на службената положба за незаконско склучување договори за изградба на автопатите Кичево – Охрид и […]

Груевски: СЈО потврди дека „бомбите“ може да се монтираат, сечат и лепат

декември 18, 2017

Судењата за „Траекторија“ и за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 се политички монтирани случаи заради остварување политичка цел, изјави денеска доскорешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, откако во Основен суд Скопје 1 се одржаа кратки рочишта од двете судења. Во врска со денешното рочиште за „Траекторија“, Груевски како „исклучително интересен […]

Судењето за „Траекторија“ одложено за 26 декември поради „Шамарите во Центар“

декември 18, 2017

Судијата Горан Бошевски по кратка работа на денешното рочиште од судењето за случајот на СЈО, „Траекторија“, го прекина рочиштето откако беа слушнати барањата на одбраната на обвинетите. Следното рочиште ќе се одржи на 26 овој месец, а денешното беше прекинато бидејќи во судницата во 11.30 часот треба да продолжи судењето за случајот „Шамари во Општина […]

Дури 315 снимки и СМС-пораки во доказите на СЈО за „Траекторија“

декември 18, 2017

Вкупно 315 снимки од прислушувани разговори и СМС-пораки се дел од доказниот материјал на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во случајот „Траекторија“, соопшти на денешното рочиште обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова. Најголем дел од тие снимки не се пуштени во јавност. Во овој случај, околку договорите за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – […]

Груевски и Јанакиески денеска на две судења

декември 18, 2017

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски, и пораншниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска поголем дел од денот ќе го поминат во Основен суд Скопје 1, поради неколку судења. Во 9.45 часот почнува рочиштето за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Траекторија“, во кој освен двајцата обвинети се […]

Груевски, Јанакиески и Пешевски на суд на 6 декември за случајот „Траекторија“

ноември 20, 2017

Кривичниот суд на 6 декември го закажа првото рочиште за случајот „Траекторија“ на СЈО, во кој обвинети се експремиерот Никола Груевски и ексминистрите Миле Јанакиески и Владимир Пешевски, за злоупотреби при изградбата на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Во случајот „Траекторија“, обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и […]

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО му помага на Заев да реализира нарачани платформи

мај 22, 2017

На прес-конференција денеска дури тројца високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ одговараа на наводите што денеска ги изнесе СЈО отворајќи три нови случаи, од кои два „Талир“ и „Траекторија“ се за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и за високи партиски или државни функционери во владите на ВМРО-ДПМНЕ. Антонијо Милошоски од партиската говорница обвини дека СЈО само „штанца обвиненија против […]

Новата влада ќе гради патишта, а Груевски ќе прави увид во доказите за перење пари

мај 22, 2017

СДСМ реагираше на денешните изјави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при денешната посета на автопатот Миладиновци – Штип, за кој СЈО денеска покрена нов случај, „Траекторија“. СДСМ порача дека Груевски ќе може да прави увид само во доказите против него за перење пари и за милионски провизии, а новата реформска влада ќе гради патишта. […]

Страна 1 од 1