fbpx

Студенчишко блато – нераскинлив дел од Охридско Езеро

-

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, организираше јавна расправа и увид на извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за неколку урбани заедници. Учествуваа научни работници и еколози, меѓу кои и изработувачи на студијата. Расправата, главно, беше сконцентриирана на влијанието врз Студенчишко блато.

– Причината за која се организираат јавните расправи, е да се соберат мислења од целокупната заедница во Охрид и од институциите, индивидуите и од сите што можат да влијаат на најпогодно можно решение во конкретниов случај за урбанистички план. Никому не му е ускратено правото – објасни градоначалникот Бакрачески.

Менка Спироска, изработувач, повтори дека стои на ставот што е искажан во Студијата за валоризација на остатокот од Студенчишко блато, односно дека загубата на ова блато многу негативно ќе се одрази на Охридско Езеро.

– Тоа треба да биде јасно искажано во студијата, тоа се експертски ставови и, како што веќе споменав, во студијата даваме предлог за понатамошен развој на тоа блато, да остане блатниот систем, но да биде атрактивен за идниот туристички развој на Охрид, што сигурно ќе даде поголеми бенефиции за развој на туризмот во Охрид, одошто пренамена на тоа земјиште во градежно односно во домување – вели Спироска.

Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод вели дека Студенчишко блато е многу важен елемент за одржување на охридскиот екосистем, од поголем број причини, а особено за краповидните видови риби, бидејќи таму има нивно мрестилиште.

Дејан Паноски, од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридско Езеро, е благодарен на, како што вели, реалните изработувачи на студијата и оценката на влијание, бидејќи го потврдиле она за што со години се залагале, а тоа е дека Студенчишко блато е нераскинлив дел од езерото и дека треба да се ревитализира, а не да се доуништи.

Ѓоко Зороски од ЕК „Грашница“, оценува дека една анализа на сите екосистемски услуги кои ги пружа блатото, ќе го потврди нивното големо значење.

– Доколку се изгради потребната инфраструктура во однос на зачувување на блатото, таму би се вработиле голем број на луѓе, значи би се изградиле, како што беше замислен првиот проект, пунктови за набљудување птици, малечки патеки, би се прекопале канали со што блатото би се ставило во функција и на Охридско Езеро и на градот Охрид, за развој на туризмот – вели Зороски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...