fbpx

Стефан Миленковиќ: Сакаме да ги споиме џезот и класичната музика

-

Сакаме да ги споиме џезот и класичната музика, а таков спој ќе донесеме утревечер на фестивалот „Охридско лето“, рече на денешната прес-конференција светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ.

Во Антички театар од 21 часот, Миленковиќ и неговиот колега, хармоникашот Марко Хатлак, ќе го изведат проектот „Танго компас“ како своевидна атракција за фестивалската публика.

Стефан Миленковиќ не е првпат во Охрид. Тој и досега изведувал свои концерти и, како што вели, секогаш со задоволство се враќа во градот каде сè уште ги памети звукот на езерските бранови, планините околу езерото и мирисот на скарата и на пастрмката што ги доживеал како мал.

– Уште како дете, од некои осум-девет години, по моите настапи тука, секогаш останувавме уште неколку денови на одмор. Звукот на брановите, овие планини, мирисот на скарата, вкусната пастрмка, сè до прекрасните луѓе, сето тоа останало некако засекогаш во моето сеќавање така што моето доаѓање тука претставува дел од мојот живот, враќање во детството – вели Миленковиќ.

Селекторката на музичката програма на „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска, проектот „Танго компас“, исто така, го најави како музички набој, пресек на танго-музиката на старите мајсори како Пјацола, сè до модерните автори.

– Проектот „Танго компас“ ќе понуди многу енергија, страст, врвни интерпретација, а сè тоа за големо уживање на фестивалската публика. Најголем ексклузивитет на целиот овој проект е тоа што маестро Стефан Миленковиќ ќе можеме да го видиме и како врвен танчер – истакна Јосифова-Неделковска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...