fbpx

Станишев побарал да прекине обвинението против него за изгубени тајни документи

-

Поранешниот бугарски премиер Сергеј Станишев побарал од Апелацискиот суд во Софија да го прекине случајот против него за изгубени тајни документи поради застареност на делото, јавува дописничката на „Мета“ од Софија.

Адвокатот Васил Василев побарал да се прекине случајот против Станишев, бидејќи рокот истекол на 27 јануари, така што завршница на случајот се очекува следниот месец.

Во декември лани Основниот суд во Софија го ослободил Станишев од обвинение за изгубени документи со класифицирани информации. Во обвинението против него, било наведено дека тие документи му биле дадени лично за да ги потпише во периодот од 2005 до 2009 година. Но според судот, не било докажано дека тие документи биле тајни и дека тој ги изгубил.

Станишев изјави дека ги почитувал правилата за заштита на класифицирани информации. Запрашан за содржината на документите, одговорил дека само во еден од нив станувало збор за информации кои се однесуваат на силни националистички чувства за земја од регионот.

Дури и да беше осуден, Станишев само требаше да плати глоба од 5.000 лева (2.500 евра).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...