fbpx

Српска телевизија пласира дезинформации за „српски лек што го лекува дијабетесот“

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Српскиот портал за борба против дезинформациите fakenews.rs откри дезинформација објавена на веб-порталот на српската телевизија Хепи, кој е пренесен од сајтот eu24.site,со кој се рекламира лекот Diabetin, којшто наводно може да излекува од дијабетес тип 2 за 3 до 7 дена. Истите дезинформации, односно речиси идентичен текст имал уште еден сајт – wwnews24.su.

Тврдењето е дека лекот Diabetin е создаден на Институтот за биомедицинска хемија врз основа на работата на „светски познатиот научник, добитник на главната награда за физика, советскиот и српски академик Михаил Алферов, кој се занимавал со проучување на живите клетки“. Еден од сајтовите навел и дека Алферов е „добитник на Нобеловата награда“.

Но проверките на fakenews.rs утврдиле дека не постои нобеловец Алферов, а фотографијата „од него“ е всушност една сток-фотографија, односно илустративна фотографија, чија што прва верзија е објавена во 2008 година, на веб-сајтот на една британска организација што се грижи за старите лица. Академик Михаил Алферов не е наведени ниту на листата на починати и актуелни членови на Српската академија на науките и уметностите (САНУ).

Во спорниот текст се наведува уште еден човек, Лука Горан, наводно српски академик што на читателите им ги објаснува придобивките од новиот лек. Но проверките на САНУ што ги направил српскиот портал за борба против дезинформациите fakenews.rs утврдиле дека нема академик со тоа име, туку станува збор за Пол Дуфек, Американец, кој починал минатата година.

За fakenews.rs претседателот на Здружението против дијабетес Нови Сад, Радивој Мрачевиќ објаснува дека не постои лек за дијабетес и дека со различни методи, како физичка активност, здрава исхрана и земање на инсулин може да се ублажи состојбата при таа болест, но таа е неизлечива. Истото го кажува и Меѓународната федерација за дијабетес.

Производ со многу слично име, Dijabetin, го има на пазарот и во Србија се продава со одобрени од Министерството за здравство на Србија. Тој е исто така наменет за дијабетичарите, но има ефекти што ги ублажуваат симптомите на болеста и за него не се тврди дека лекува од болеста.

Како уште една потврда дека станува збор за измислица е и тоа што на двата сајта што го објавиле текстот пред тој да се појави на порталот на телевизијата Хепи е и тоа што под текстот, за кој нема никакви линкови, има „тркало на среќата“ што овозможува да го освоите бесплатно наводниот препарат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...