fbpx

Средбата на работната група за Договорот од Пржино се одржува во Клубот на пратеници

-

Средбата на работната група за Договорот од Пржино се одржува во Клубот на пратениците. Местото е променето во последен момент, а првично средбата требаше да се одржи во просториите на ОБСЕ во Скопје.

Од канцеларијата на ОБСЕ во Скопје тврдат само дека до нив стигнала информација дека  средбата нема да се одржи кај нив, но и тие не ја знаат причината за тоа.

Во тимот на СДСМ на овој состанок се: Радмила Шекеринска, Дамјан Манчевски и Цветанка Иванова. Претставниците од ВМРО-ДПМНЕ се истите од претходната средба, Никола Попоски и Никола Тодоров. Претставници од ДУИ се Муса Џафери, Артан Груби и Фатмир Бесими, а од ДПА – Имер Алиу, Беким Фазлиу и Луан Треси.

Теми на разговор на денешната средба се изборниот законик, измени на законите поврзани со изборите, новиот избирачки список, составот на Државната изборна комисија, како и гласањето на дијаспората.

Во согласност со договорот од 2 јуни, како и тој од 15 јули, партиите треба да формираат десетина работни групи, кои ќе можат да работат на спроведување на обврските преземени од тие договори.

На средбата одржана минатата недела, исто така тема беа изборните закони, а на неа учествуваа претставници на ОБСЕ, на невладините организации „Мост“ и „Цивил“ и на Министерството за правда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...