fbpx

„Алсат М“: ДУИ ќе отвора нов универзитет во Скопје

-

Во неможност да го реформира и да го обнови Државниот универзитет во Тетово, ДУИ и нејзиниот министер Абдилаќим Адеми планираат да отворат нов државен универзитет во Скопје, објави телевизијата „Алсат М“.

Според телевизијата, идејата требало да се промовира овој период, но политичкиот договор постигнат пред неколку недели меѓу политичките партии со меѓународно посредство, ги одложил плановите во партијата на Ахмети.

Како што објавува телевизијата, ДУИ веќе ги има избрано и кандидатите што ќе го водат и ќе работат на овој универзитет. Како носител на проектот се споменува поранешниот министер за образование Азис Положани, потоа Ризван Сулејмани, како и пратеничката Ермира Мехмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...