fbpx

СОНК: Штрајкот продолжува сè додека не почнат преговорите

-

Генералниот штрајк продолжува сè додека ресорните министерства не почнат социјален дијалог со СОНК и сè додека не се договорат заеднички прифатливи решенија, е заклучокот донесен на синоќешната седница на советот на СОНК.

„Советот оцени дека предлогот даден од министерот за образование и наука за прекинување на штрајкот, како услов да се продолжи со преговорите со СОНК, е само уште еден непобитен доказ за непочитување на Уставот и на законите и тоа од многу високо државно ниво и отфрлајќи го овој предлог, изразува очекување дека многу бргу ќе биде сфатен исклучителниот и многу погрешниот начин на притисоци врз СОНК и набргу, во согласност со Уставот и со законите, ќе престане бојкотот на законската обврска за преговори. Советот, исто така, изрази жалење за изјавите на министерот во врска со толкувањата на законите во делот на исплата на дневниците за деновите во штрајк, со што ги пречекори дури и своите надлежности со јавно изнесената негова одлука дека тоа ќе го направи СОНК. За ова прашање, СОНК ќе подготви посебен документ, со кој, во согласност со законските прописи, ќе утврди чија е обврската за плаќање на дневниците за време на штрајк“, соопштуваат од СОНК.

Според СОНК, секој ден се зголемува поддршката за штрајкот од родители, средношколци, студенти, универзитетски професори, како и голем број невладини и непартиски организации.

„Советот на СОНК го овласти најтесното раководство на СОНК да стапи во контакт со нив, за да биде договорен начинот на кој може да ја конкретизираат нивната поддршка. Во таа смисла, Советот го реафирмира досегашниот принципиелен став за неучествување во политичко-партиски прашања, но ќе ја прифати поддршката на сите кои се легитимно организирани, врз основа на законите во државата, и кои му изразуваат легитимна поддршка на СОНК“, велат од Синдикатот.

Од СОНК додаваат дека добиле барања за преземање поенергични мерки, како организирање централен протест во Скопје или во поголемите градови, за што СОНК ќе одлучува на нова седница на први февруари.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...