fbpx

Собранието ќе ја продолжи 67. седница

-

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 67. седница на која има повеќе законски решенија во прво читање. Пратениците треба да ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности, на Законот за процена, на Законот за медијација, на Законот за вештачење, на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

На дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за постапување по претставки и предлози, на Законот за електронско управување, на Законот за електронските комуникации, на Законот за воведување систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за управната инспекција, на Законот за ловството, на Законот за рибарство и аквакултура, сите во прво читање.

На седницата треба да се расправа и по предлог-законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка, како и по неколку законски решенија поднесени од пратениците од опозициските партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...