fbpx

Собранието го отфрли предлог-законот за амнестија

-

Собранието денеска не го прифати предлог-законот за амнестија, поднесен од пратениците Павле Трајанов и Лилјана Поповска.

Предлагачите оценија дека власта непотребно шири паника, бидејќи законот предвидува намалување на затворската казна и тоа само за сторителите на полесни криминални дела, како и за криумчарите на мигранти, нешто што сега е легално и го спроведува државата.

– Амнестијата не се однесува на осудени лица со правосилна пресуда на казна затвор повеќе од 10 години или доживотна. Не се однесува за дела убиство, дела против човечноста, против државата, против правата и слободата, силување, обљуба на немоќно лица, полов напад врз малолетни, за посредување при проституција, детска проституција, порнографски материјал за деца, детска порнографија, за кривични дела против бракот и семејствата и младината, за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, повеќекратни повторници – рече Трајанов, образложувајќи кои кривични дела нема да бидат опфатени со предлог-законот за амнестија, кој вторпат се најде пред пратениците.

Сепак, владејачката ВМРО-ДПМНЕ смета дека аргументоте на предлагачите се недоволни и оти со донесувањето на законот, 981 криминалец од затворите ќе се најдат на слобода.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...