fbpx

Сметката на Макпетрол, замрзната

-

Надлежните институции ја замрзнаа сметката на Макпетрол, пишува „24 вести“. Информацијата за овој медиум, ја потврдиле и од компанијата.

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 21 лице поради незаконско прелевање капитал од акционерското друштво „Макпетрол“ во Командитното друштво со акции „Оилко“.

Десетте членови на управниот одбор, осумте членови на надзорниот, како и тројца одговорни во Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и во Комисијата за хартии од вредност МВР ги товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Репортери без граници: Македонија најдобра од земјите во регионот, дезинформациите остануваат проблем

Македонија годинава се искачи за две места погоре според Индексот на слобода на медиумите на „Репортери без граници“, со што е рангирана најдобро од земјите во регионот. Земјава се...