fbpx

Скопската полиција месецов запленила 27.000 парчиња петарди и пиротехника

-

Екипи на Секторот за внатрешни работи Скопје месецов заплениле околу 27.000 парчиња пиротехнички средства и поднеле кривични пријави против две лица, осомничени за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во првиот случај, кривична пријава е поднесена против А.И. (59) од Скопје, во чие возило, при претрес, полицијата пронашла и одзела вкупно 10.600 парчиња пиротехнички средства, додека во вториот, 29-годишниот М.И. бил забележан при пренесување пиротехнички средства во количка на улица во Скопје, во која имало 12.500 парчиња петарди и друга пиротехника.

„На подрачјето на полициската станица Центар, регистриран е еден настан на нелегална продажба на пиротехнички средства, прекршок казнив по член 69, став 4 од Законот за заштита од експлозивни материи, за што до надлежниот Суд за прекршоци поднесени се барања за поведување прекршочна постапка против С.К. (20), Б.О. (20), Ф.С. (26) и еден 14-годишен малолетник, кај кого на 15 декември при направен личен пеглед пронајдени и одземени се вкупно 326 парчиња петарди и пиротехнички средства. На подрачјето на полициската станица Ѓорче Петров, на 10 декември, во продавница во село Волково сопственост на Б.С. (46), одземени се вкупно 3.423 парчиња пиротехнички средства“, стои во соопштението на МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...