fbpx

„Сител“ со најмногу, а „Телма“ со најмалку приходи за 10 години

-

Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година, што ја објави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, покажува дека телевизијата „Сител“, остварила најмногу приходи во последните 10 години, односно ги зголемила вкупните приходи за речиси пет пати, „Канал 5“ за речиси четири пати, а „Телма“ во 2014 година остварила исто толку приходи колку и пред десет години.

Над 90 отсто од вкупните приходи на четирите телевизии биле остварени од рекламирање.

Највисоки приходи од рекламирање остварила „Сител“ (8,5 милиони евра или 526,77 милиони денари) што претставува 44 отсто од вкупните приходи од рекламирање на овој сегмент од телевизиската индустрија. Најмал дел од рекламниот буџет оствариле телевизија „Телма“ – 1,1 милион евра или 70,89 милиони денари односно само 6 отсто од вкупните приходи од рекламирање и Македонската телевизија – 788.292 евра или 48,48 милиони денари односно само 4 отсто.

Вкупните приходи на што сите радиодифузери ги оствариле во 2014 година изнесувале 51 милион евра или 3.176,74 милиони денари. Приходите на јавниот сервис биле 41,75 отсто од овој износ, а 58,25 отсто приходите на комерцијалните радиодифузери.

Според анализата, и во 2014 година телевизијата била најзначаен медиум за информирање за македонската публика. За домашните и странските настани, 82,7 отсто од испитаниците одговориле дека секој ден или речиси секој ден се информираат од телевизијата

Втор избор за информирање за македонските граѓани бил интернетот, од којшто секој ден или речиси секој ден се информирале 41,4 отсто, а 12,6 отсто неколку пати неделно.

Податоците за начините на кои публиката ги користи различните видови медиуми, ставовите на публиката во врска со застапеноста и квалитетот на одделни програмски содржини на домашните телевизиски станици и друго, се обезбедени од „Истражувањето на мислењето на публиката за радио и ТВ програмите“ коешто за потребите на Агенцијата, во периодот од мај до јуни 2014 година го спровел истражувачката агенција „М-Проспект“ преку теренска анкета, на случаен репрезентативен примерок од 1.070 испитаници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...