Сите игри од BioShock колекцијата се бесплатни на Epic Games до 2 јуни

Bioshock скриншот од Epic Games

Сите игри од BioShock колекцијата се бесплатни на Epic Games до 2 јуни. Игрите се FPS игри со многу хумор и добра акција во “стимпанк” атмосфера, каде покрај огнените и инвентивните оружја, се користи и телекинеза, фрлање громови од раце и магнетни куки со кои скокате на високи места, а вашето одело ви овозможува да издржите и под вода. BioShock игрите се многу интересни и може да ве заинтригираат, поради тоа што се и забавни и револуционерни за своето време. 

Што се однесува до приказната, мора да се признае дека е доста добро сработена со свои заплети, расплети и препознавања, каде фразата “Would you kindly” премина во “класично гејминг меме”, но ќе ви оставиме самите да откриете зошто.

Непријателите против кои се борите се разновидни и има многу варијации на  “стимпанк” роботи и на чудни хуманоиди што ве напаѓаат. Исто така, хорор елементите се поврзани и со одредени непријатели кои ве изненадуваат со таканаречени “jump scares”. Атмосферата во играта е специфична, затоа што играта се случува и во мрачни места, но и денски “под вода и во небески висини”, како што гласи и рекламата на Epic Games. 

Всушност, оваа колекција ги содржи сите Bioshock игри и сите експанзии во еден пакет наречен BioShock The Collection, којшто можете да го преземете бесплатно ако се регистрирате и логирате на Epic Games до 2 јуни, а потоа истиот пакет ќе се продава за редовна цена од 60 евра. Колекција што вреди да се има, не само заради цената, туку и заради квалитетот на игрите што ги содржи.