fbpx

Штипско културно лето почнува утре

-

Грчки фолк, бугарска барокна музика, македонска класика, рок и театар се дел од содржините на годинашното издание на манифестацијата Штипско културно лето, која официјално почнува утре. До 9 август се планирани трисетина културни настани, за кои Општината Штип од својот буџет одвои 140.000 денари.

Од предвидените настани, чии домаќини се неколку културни институции, во Домот на млади ќе се одржат концерите на групите „Тотално опуштање“ и „Пи-Ем-Џи колектив“, во рамките на традиционалниот рок-настан, на празникот Петровден, на платото во Планинарскиот дом во селото Вртешка ќе настапат „Хот лајн“ и гостите од САД, Френк, како и рок-перформансот „Пинк флојд проџект Маседониа“.

Ќе има неколку концерти од класичната музика, а првпат во програмата е вечер на староградска авторска музика на музичари од Штип.

Планирана е театарска претстава по текст на отец Пимен, како и две училишни претстави, а своја промоција и изложба ќе имаат и двајцата портпароли на Општината.

Штипската опозиција при донесување на програмата упати критики за квалитетот на понудената програма на оваа некогаш престижна манифестација, за која Општината одвојуваше и многу повеќе пари, а ги отвораше вратите за познати уметници од Македонија и од регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...