fbpx

Собранието ја изгласа потребата од носење закон за азил

-

Собранието со 67 гласа за и ниту еден против и воздржан, ја изгласа потребата за измени на Законот за азил и привремена заштина. За измените гласаа сите 67 присутни пратеници. Законот треба да се донесе по скратена постапка.

Гласањето по самиот закон ќе се одржи во 15 часот, а дотогаш тој треба да помине низ матичните комисии.

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, во образложението на измените, ја истакна потребата од нив поради големиот наплив на мигранти со кој се соочува Македонија, а кој, според министерот, е неколкукратко зголемен во споредба со претходните години.

Како што рече Чавков, изминатите денови македонските гранични служби не дозволиле меѓу 2.000 до 3.000 мигранти да ја поминат границата и биле вратени во Грција, а во близина на нашата територија овој период биле забележани околу 25.000 лица, кои имале намера преку илегални премини да влезат во државата.

– Во првите пет месеци од оваа година, бројот на илегални мигранти што влегле во државата е тројно зголемен во споредба со истиот период од минатата година. Тоа укажува на сериозноста на ситуацијата. Овој проблем не потекнува од нас, како држава, туку во поголем дел од Грција, која не презема доволно мерки во врска со состојбите, па дури има и случаи каде замижува во однос на случаите. Невозможно е херметички да се затвори границата, туку е потребна соработка меѓу двете земји по ова прашање, која засега не е на високо ниво – реше Чавков при образложувањето на измените.

Во првите пет месеци од годината, МВР регистрирало околу 1.250 илегални мигранти, од кои околу 1.000 биле сместени во Прифатниот центар за странци.

Истовремено, неколкупати е зголемен и бројот на барања за азил, споредено со претходните години.

Со предложните измени во Законот за азил и привремена заштита, „му се овозможува на странецот на граничен премин или во внатрешноста на територијата на Република Македонија пред полициски службеник на МВР да искаже намера дека ќе поднесе барање за признавање право на азил и да биде упатен во рок од 72 часа да поднесе барање за признавање право на азил пред овластено службено лице на Одделението за азил во просториите на Прифатниот центар за баратели на азил.

– Со измените, прво, ќе се намалат ризиците на мигрантите и тие ќе добијат документ со кој ќе можат легално да се движат во земјата. Второ, се очекува да се намали стапката на кривични дела поврзани со илегален транспорт на миграти, односно тие нема да мора да се поврзуваат со лица со криминални намери за да ги остварат своите цели и, трето, ќе се овозможи полицијата да води посоодветна евиденција за овие лица – рече Чавков.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, изјави дека тие и нивните коалициски партнери ќе му дадат поддршка на законот.

– Носењето на законот нема целосно да го реши проблемот, но ќе даде подобри насоки. Ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е дека станува збор за глобален проблем за кој и земјите-членки на Европската унија не можат да најдат решение и да се усогласат меѓу себе – рече Димовски.

Тој побара состојбата со мигрантите да не се злоупотребува за дневно-политички пресметки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...