Шолц: Северна Македонија ги исполнува сите предуслови и заслужува пристапни преговори

-

„Северна Македонија ги исполнува сите предуслови за отпочнување на пристапни преговори и јас ќе се заложам првиот чекор да се случи што побрзо“, истакна канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц на заедничка прес конференција во Владата со премиерот Димитар Ковачевски, за време на неговата еднодневна официјална посета на С. Македонија.

Германскиот канцелар истакна дека Западен Балкан за Германија има стратешко значење и дека ќе се залага за прием на овие земји во Европската Унија.

„Пред 20 години на земјите од Западен Балкан им беше ветена европска перспектива и сега е време по ова ветување да следат дела“, рече Шолц и нагласи дека се воодушевува на политичката сила на земјава која овозможи да дојде до договор со Грција.

Премиерот Ковачевски посочи дека С. Македонија има направено се за да отпочне првата меѓувладина конференција. Над 45 отсто од законодавството е усогласено со европското, а доколку се погледне по поглавја може да се види дека е подобро и од држави кои подолго од десет години преговараат со ЕУ.

„Доколку се работи за систем базиран на заслуги С. Македонија заслужува прва меѓувладина конференција. Но, македонските граѓани својата независност ја слават на 8 Септември. Ние не можеме да бидеме постојани заложници на самитите на ЕУ дали ќе има датум или не. Тоа не зависи од С. Македонија, туку од тоа дали 27 земји членки ќе се услогласат и ќе донесат одлука да започне првата меѓувладина конференција“, рече Ковачевски и посочи дека тоа, сепак, во моментов зависи само од една земја членка која држи две земји кандидати, С. Македонија и Албанија, како заложници на патот кон ЕУ.

Во делегацијата на канцеларот Шолц се највисоките државни советници на надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Сојузната Влада на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Во рамките на посетата Шолц имаше средба со премиерот Ковачевски, како и билатерална средба на двете делегации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

УСС УКИМ: Филозофскиот факултет ги повлече зголемените трошоци за студентите

Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание...