fbpx

Шестмина загинати во Каиро, во судир меѓу полицијата и Муслимански браќа

-

Најмалку шест лица загинаа денеска во судир меѓу приврзаниците на Муслумански браќа и египетската полиција во Каиро, соопшти египетското министерство за здравство.

Приврзаниците на соборениот претседател Мохамед Морси, во помал број тргнале во протестен марш по утринската молитва, со која се одбележи крајот на муслиманскиот свет месец Рамазан, пренесува АФП.

Но, демонстрантите ги нападнале силите на безбедност во населбата Талбија во Каиро, во близина на пирамидите во Гиза.

Протестите на приврзаниците на Муслимански браќа значајно се проретчија по соборувањето на Морси од власт во 2013 година, што доведе до големи полициски акции против исламистите, при што за време на уличното насилство се убиени најмалку 1.400 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.