fbpx

Селмани: Пратениците на власта не сакаат слободни медиуми

-

Владеjачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ вчера демонстрираа дека се противат на тоа Македонија да биде слободна, цивилизирана и демократска земја. За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ не е битно што пишува во Уставот, кој гарарантира слобода на медиуми, туку што наредуваат Никола Груевски и Али Ахмети, рече на денешната прес-конференција, Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

– Тие вчера во Собрание бессрамно и кукавички одбија дури да расправaат за измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, иницирани од петте новинарски и медиумски организации и поддржани од Европската Унија и Соединетите Американски Држави. Груевски и Ахмети зарија нож во грбот на европската перспектива на Македонија. Власта не сака слободни и професионални медиуми оти се плаши од вистината, која е многу поинаква од виртуелната реалност што ја креираат нејзините медиумски мегафони – рече Селмани.

Најголем дел од приватните национални телевизии, вели тој, се ставени целосно во служба на агресивната пропаганда на власта, како во времето на режимот на Слободан Милошевиќ.

– Нашиот закон во Собрание доби поддршка од 34 пратеници од македонската опозиција од редовите на СДСМ, НСДП, ДС, ДОМ и двајца независни пратеници. Сакаме на секој од нив поединечно да им се заблагодариме за поддршката. Пратеникот Зулфи Адили од Унитети беше единствен пратеник Албанец што гласал за законот, за што и нему искрено му благодариме. Разочарани сме од двојната игра на пратениците на ДПА. Мистериозно изчезнале од седницата кога требало да се поддржи законот. Со тоа, оваа партија ја испушти шансата да покаже дека навистина е опозиција во Собранието – вели Селмани.

За пофалба, според него, е гестот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од дијаспората, Ристо Манчев, кој го поддржал предлогот, а пратеникот од САД, Павле Саздов, со својот глас воздржан, според Селмани, се дистанцирал од другите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

– Искрено се надеваме дека ваквиот чин на пратениците од дијаспората позитивно ќе влијае на подигнувањето на свеста во ВМРО-ДПМНЕ за важнста за слободни медиуми. Битката продолжува. Професионални медиуми не се важани само за новинарите, туку, пред сè, за граѓаните. Тие имаат право да бидат информирани точно и вистинито. По сè изгледа, со Груевски и со Ахмети на власт мисијата за професионални медиуми станува невозможна – заклучи Селмани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...