fbpx

Седница на Парламентарниот комитет на ПД на ЦЕИ

-

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Парламентарниот комитет на Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) на тема „Релевантноста на макрорегионалните стратегии на ЕУ како можност за прекугранична соработка меѓу земјите-членки на ЦЕИ: Улогата на парламентите“.

Воведни обраќања на седницата ќе имаат Александар Николоски, шеф на македонската делегација во ПД на ЦЕИ, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, и заменик-генералниот секретар на ЦЕИ, Ерик Церновиц.

Во работниот дел од седницата ќе говорат заменик-министерот за надворешни работи, Драгана Кипријановска, и потпретседателот на Собранието и претседател на собраниската Комисија за надворешни работи, Антонио Милошоски, по што ќе следи дебата и усвојување на завршна декларација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...