fbpx

Седма жртва од корона вирусот во земјава, почина 79-годишен жител на Дебар

-

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал еден пациент на 79 години од Дебар. Пациентот бил дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март. Ова е седма жртва од корона вирусот во нашата земја.

„Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на корона вирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително бидејќи дел од потврдените се со работа во Скопје, но место на живеење во друг град, а анкетите се сѐ уште во тек“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја денеска до 12 часот e 285 лица.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје биле испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје), кои на двата контролни теста на Ковид-19 имале негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие си заминале дома, информираат од Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД објавија нов пакет воена помош за Украина од 275 милиони долари

Американското Министерство за одбрана објави значителен пакет безбедносна помош од 275 милиони долари за Украина да ги задоволи безбедносните и одбранбените потреби на украинските вооружени сили, објави Пентагон во...