fbpx

Се зголемуваат стравувањата за судбината на исчезнатиот Уран Купа

-

Изминува и петтиот ден од исчезнувањето на 27-годишниот Уран Купа од струшкото село Велешта, а од него и понатаму нема ниту трага ниту глас. Неговите најблиски не сакаат да зборуваат многу за случајот, оставајќи ѝ простор на полицијата да истражува. Денеска не се огласија ниту од Општина Струга, каде Купа беше вработен во обезбедувањето на градоначалникот Зијадин Села.

Села во последната изјава рече дека нема никаква трага од нивниот вработен, но искажа и отворен сомнеж дека „начинот на кој сето тоа е изведено, без да се остави ниту една трага, е доказ дека е изведено од луѓе кои се професионалци“.

– Според информации што ги имаме од граѓаните, ноќта кога се има случено исчезнувањето на Уран, имало инспекциски служби во цивили кои вршеле претрес на случајни минувачи. Индикативно е што биле дојдени инспектори во цивил од Скопје и од други делови на државата и тоа ни дава до знаење дека органите за безбедност треба да имаат некаква информација – рече Села.

Од полицијата остануваат на првичната изјава дека интензивно работат на случајот. Последната информација оттаму беше дека автомобил „ауди а4“ со струшки регистарски таблички, сопственост на исчезнатиот, е пронајден кај автобуската станица во Дебар. Полицијата соопшти дека, по дадени насоки од обвинителството, бил извршен криминалистичко-технички увид и во автомобилот биле најдени предмети и повеќе траги од биолошко потекло, кои се дадени на вештачење.

Исчезнатиот Уран Купа беше ангажиран како лично обезбедување на градоначалникот на Струга, Зијадин Села. Неговите сомнежи дека сè било направено и добро организирано од професионалци, полицијата не ги коментира, освен што го повикува на потесна соработка. Самиот Села за случајот го известил седиштето на ОБСЕ во Скопје и другите меѓународни претставништва.

По Уран Купа се трага од петокот по полноќ, откако неговото исчезнување во Полициската станица од Струга го пријавил неговиот татко.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...