fbpx

Сè позастапен е пост-ковид синдромот: Опаѓање на коса, пад на имунитет, главоболки

-

Вртоглавици, сериозен пад на имунитет, продолжена кашлица, активирани синуси, анксиозност, се само дел од здравствените проблеми и состојби со кои се соочуваат мал дел од лицата кои прележале ковид. Темата за пост-ковид синдром е сериозна и се очекува допрва да се прават анализи и планови за тоа како да се треитраат пациентите кај кои се развиваат ваквите состојби.

Општиот лекар д-р Бојан Трајковски, за Мета.мк, потврдува дека се јавуваат вакви пост-ковид симптоми, но посочува дека ова е проблем за кој ниту лекарите не се доволно упатени, па засега само ги регистрираат овие состојби.

„Мислам дека пост-ковид синдромот ќе биде сериозен проблем чие решавање ќе треба допрва да се обмислува. Засега треба матичните лекари да ги следат пациентите преку редовни контроли. Кај младите често се јавува губење коса и анксиозност. А кај повозрасните пациенти најчесто се јавуваат невролошки и кардиолошки проблеми“, додава д-р Трајковски.

Неговото искуство покажало дека помладите пациенти се опоравуваат до два месеци по прележувањето, а на повозрасните лица им се потребни шест, но и повеќе месеци за да закрепнат од заболувањето.

И на веб-страницата на Светската здравствена организација има објава во која пишува дека повеќето луѓе кои развиваат ковид потполно закрепнуваат, но од 10 до 20 отсто од луѓето искусуваат различни среднорочни или долгорочни пост-ковид ефекти, со различна симптоматологија.

Неодмна д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија на својот Фејсбук профил напиша дека секој ден сè поголем број на вакви пациенти бараат помош по клиниките.

„И по ковид, пост-ковид. Околу 10-20 отсто од заболените со ковид-19 развиваат среднорочно или долгорочно пост-ковид синдром со различна симптоматологија и тежина како: oтежнато дишење, малаксаност, поспаност, срцева слабост, проблеми со меморија, паѓање на косата, влошување на дијабетот. Тежината и должината на овој синдром не е секогаш пропорционална со тежината со која сте го прележале ковидот“, напиша д-р Беќаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...