fbpx

СДСМ: Да бевме земја членка на ЕУ, таа ќе ја тужеше власта поради загадувањето

-

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара воведување на бесплатен јавен превоз за сите граѓани на Скопје и на другите поголеми градови и привремено запирање на сите градежни активности, особено на територијата на главниот град, како итни мерки за намалување на загадувањето.

Надлежните инситуции, како што нагласи денеска на прес-конференција претседателот на комисијата за животна средина и за просторно планирање на СДСМ, Пеце Мирчевски, „досега не само што не најдоа начин да го заштитат здравјето на граѓаните, туку со своите штетни политики придонесоа загадувањето на воздухот да се зголеми“.

– Да беше Македонија земја членка на Европската Унија, неодговорната власт во заминување досега ќе беше тужена од Европската комисија за убиство од небрежност на своите граѓани. Загадувањето на воздухот ги помина сите граници и тоа не еднаш, не двапати, туку на одредени места и 20 пати, како што е мерното место кај Ректоратот. Сечењето цели паркови или непланското подигнување бетонски зданија што ја наруши природната циркулација на воздухот се дел од штетните политики на досегашната власт. Скапите стратегии и планови на таа неодговорна власт, сè уште се на хартија додека во 30 од 100 случаи причина за смрт е загадувањето на воздухот – рече Мирчевски.

Тој посочи дека СДСМ во својата програма има низа долгорочни мерки за намалување на загадувањето и за заштита на здравјето на граѓаните.

– Ќе се воведе целосна гасификација на Скопје, но и на другите градови. За најголемите загадувачи ќе обезбедиме субвенции за најсовремени филтри, а ќе субвенционираме и фотоволтаични уреди за користење на сонцето како природен енергент. Никој не смее да си игра со здравјето на граѓаните. Граѓаните имаат загарантирано уставно право на чист воздух и владата мора да им го обезбеди – порача Мирчевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...