fbpx

СДСМ бара нова Катица Јанева за шеф на МВР

-

СДСМ ја почна потрагата по луѓе кои треба да седнат во министерските и во заменичките места предвидени со Договорот од Пржино. До 20 октомври, Социјалдемократскиот сојуз треба да предложи нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Овие луѓе треба да бидат прифатливи и за другите партии кои се обврзале со Договорот. Во Министерството за финасии, Министерството за земјоделство и во Министерството за информатичко општество, СДСМ ќе назначи заменици-министри со право на вето.

Според нашите информации, СДСМ за министер за внатрешни работи бара „нова Катица Јанева“, односно неекспонирана личност која нема да биде партиско решение, но која со својата работа и со професионалноста се наметнала во јавноста како добар познавач на безбедносната состојба во државата.

Не е исклучено новиот министер да се избере од редот на професорите на Факултетот за безбедност или Правниот факултет во Скопје.

За заменичките места во министерствата за труд и социјална политика, за информатика, за финанисии и за земјоделство, се смета дека големи шанси имаат претседателите на соодветните партиски комисии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...