fbpx

Милановиќ остро му одговори на Вучиќ

-

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ се впуштил во остра вербална пресметка со премиерот на Србија, Александар Вучиќ. Реакцијата на Милановиќ следи откако Вучиќ се побуни поради затворањето на границата на Бајаково за товарен сообраќај и најави противмерки кои ќе бидат штетни за Хрватска.

– Од првиот ден се воздржувам да не ја прозивам Србија затоа што тие веќе година дена пуштаат бегалци, го пуштаат сите. А земјите кои се најмалку загрозени, како што е Унгарија, прават шоу. Зошто? Тоа ќе го одговорат пред господ. Србија не ја прозивам, но можам да им порачам малку да го намалат тонот и, што би се рекло, како во вицот: „Шарај малку, брате. Шарај малку, праќај ги малку во Унгарија, во Романија, во Хрватска, на сите страни“ – рече хрватскиот премиер.

Милановиќ рече дека утре во Брисел, „каде нема да бидат Вучиќ и екипите“, ќе води разговори за тоа како да се реши бегалската криза во коренот, кој, според хрватскиот премиер, е во Турција и во Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...