SafeJournalists: Ги осудуваме смртните закани и сексистичките навреди кон новинарката Тања Милевска

-

Тања Милевска, новинарка и дописник во МИА (Медиумската информативна агенција), доби смртни закани и сексистички навреди на Твитер, а подоцна и на Фејсбук, заради нејзините јавни ставови изразени на социјалните мрежи. Случајот е пријавен во полиција, но досега не се покренати обвиненија.

На 11 јули, Милевска на социјалните мрежи доби десетици вербални закани, говор на омраза и закани од силување, откако таа на Твитер поставила прашање дали премиерот на Унгарија, Виктор Орбан и Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент ја признаваат уставната промена на официјалното име на државата.

По овој твит, тролови како и активни политички фигури изминативе пет дена ги подгреваа заканите, во обид да ја дискредитираат новинарката во пресрет на парламентарните избори кои се одржаа вчера.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро го осуди говорот на омраза и директните закани по животот на Милевска и ги потсети Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство дека овие дела се опфатени со Кривичниот законик и треба да се постапува по нив.

„Безбедноста на новинарите и слободата на говорот одат рака под рака, заедно со демократските обележја на една земја. Ваквиот јавен дискурс во кој најстрого се напаѓаат новинарите, со отворени закани по животот, е недозволив и незамислив за едно демократско општество, особено за време на предизборниот период“, рече претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски и додаде дека Здружението ќе бара од институциите итна реакција и будно следење на сите закани против новинарите.

„Мрежата SafeJournalists, претставувајќи повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, му се придружува на својот член ЗНМ во осудата за заканите против Милевска и ја потсетува јавноста дека во текот на месец мај беа забележани три случаи на закани преку Интернет (Мишко Иванов, Анета Додевска и Наташа Стојановска) и сите овие случаи сè уште се нерешени. Сега дополнително загрижува фактот дека ваквите закани доаѓаат во предизборната кампања, а според информациите на ЗНМ за тоа се одговорни политичките партии кои се директни генератори на таквиот наратив што доаѓа од нивните приврзаници, ботови и лажни профили на социјалните мрежи. Ги повикуваме релевантните институции во Северна Македонија да дејствуваат и да ја обезбедат безбедноста на новинарите, особено што практиката покажува дека заканите преку Интернет честопати доведуваат до физички напади,“ информираат од ЗНМ

Мрежата SafeJournalists ќе ги информира релевантните национални и меѓународни организации и институции за овие случаи. Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Мрежата ја сочинуваат Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинарите на Македонија, Здружение на новинари во БХ, Здружение на новинари на Хрватска, Независно здружение на новинари на Србија, Синдикат на медиуми на Црна Гора.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Училиштата повторно мета на сајбер напади, утрово на мејл им стасале лажни дојави за бомби

Нови лажни дојави за бомби утрово стасале во неколку училишта во Скопје, на нивните службени мејлови. Во Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат информацијата и најавуваат повеќе детали во текот...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

Училиштата повторно мета на сајбер напади, утрово на мејл им стасале лажни дојави за бомби

Нови лажни дојави за бомби утрово стасале во неколку училишта во Скопје, на нивните службени мејлови. Во Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдуваат информацијата и најавуваат повеќе детали...