fbpx

Руската паравоена група Вагнер освоила село во близина на Бахмут

-

Водачот на руската паравоена група Вагнер изјави дека неговите војници зазеле источноукраинско село на неколку километри од клучниот град Бахмут, кој Москва се обидува да го освои со месеци, јави „Франс прес“ (АФП).

„Денеска, јуришните единици на Вагнер го зазедоа местото Красна Хора“, рече во изјавата началникот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

АФП не беше во можност самостојно да ги потврди тврдењата.

Експертите дебатираат околу стратешкото значење на Бахмут, додека градот се претвори во клучна политичка и симболична награда како што се одолговлекува битката.

Ривалствата меѓу паравоената група Вагнер и руската армија испливаа на површина за време на борбата за Бахмут — иако Кремљ негира каков било раздор.

На 11 јануари Пригожин тврдеше дека неговите борци ја презеле контролата врз градот Соледар, град за рудници на сол со население од околу 10.000 во близина на Бахмут. Руското Министерство за одбрана само два дена подоцна соопшти дека силите на Москва го контролираат градот.

„По освојувањето на Соледар и изјавите дека имало други (војници) покрај Вагнер во Соледар, се разбира, момците беа многу фрустрирани“, рече Пригожин во неделата. „Во радиус од 50 километри, повеќе или помалку, остануваат само борците на Вагнер и тие ќе го заземат Бахмут“, додаде тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...