fbpx

Русија ги засилува нападите врз украинската инфраструктура

Украина претходно тврдеше дека соборила 28 дронови лансирани од Русија во текот на ноќта, но не и останатите пет кои стигнале до целта

-

Во текот на изминатото деноноќие областа на пристаништето Одеса повторно била цел на напади со беспилотни летала од страна на Русија. Украина претходно тврдеше дека соборила 28 дронови лансирани од Русија во текот на ноќта, но не и останатите пет кои стигнале до целта. Украинската телевизија „Суспилне“ известува дека оштетени се приватни куќи и магацини, дека имало пожари во пристаништето во Одеса, а повредена била постара жена, пренесува Гардијан.

Повеќе од 50 земји, вклучително и сите сојузници на НАТО, се фокусираат на обезбедување на најнеопходните потреби на Украина, во услови кога Русија ги засилува нападите врз украинската инфраструктура и повторно се подготвува да ја искористи зимата како оружје, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на вчерашната прес-конференција на крајот од првиот ден на состанокот на министрите за одбрана на членките на Алијансата во Брисел.

„Затоа, уште поважно е да ја засилиме и да ја одржиме нашата поддршка за Украина“, потенцира Столтенберг.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го упати својот апел за воена помош во форма на противвоздушна одбрана, артилерија и муниција до седиштето на НАТО во Брисел.

Главни теми на средбата на Северноатлантскиот совет, што се одржува на ниво на министри за одбрана или нивни претставници, ќе бидат плановите на НАТО за зајакнување на одвраќањето и одбраната, мисиите и операциите на Алијансата, штетата на критичната подводна инфраструктура во Балтичкото Море, како и ситуацијата на Блискиот Исток.

Инаку, три лица загинаа откако остатоци од дрон паднаа во руската област Белгород, пренесува Гардијан, повикувајќи се на агенцијата Тасс, која пренесува дека меѓу загинатите има и дете.

На Телеграм регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков напиша:

„За сите нас е тешко утро. Ноќта, како резултат на пад на беспилотно летало на периферијата на Белгород, уништени се две станбени згради, а од експлозијата се оштетени неколку станбени згради и автомобили, но што е најважно, три лица се убиени, а едно од нив е мало дете“.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во посета на Киргистан, што е негово прво патување во странство откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење. Рускиот претседател во текот на денот треба да разговара со својот киргистански колега Садир Јапаров и да учествува на Самитот на лидерите на Комонвелтот на независни држави, кој обединува неколку поранешни советски републики.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...