Скопје е најевтин град за живеење за „дигиталните номади“

Дигиталните номади се индивидуални професионалци кои со помош на новите технологии заработуваат и живеат како номади. Тие ги менуваат традиционалните работни места и осмислуваат како тие би можеле виртуелно да функционираат

Фото: Мета.мк

Новата дигитална номадска виза е документ или програма што дава законско право привремено да се работи во други држави.

Со ваквата виза, голем број странци се почесто се преселуваат низ европските земјки како Португалија, Грција и Македонија, а продолжуваат да работат со своите клиенти и работодавци.

Инаку, дигиталните номади се дефинираат како индивидуални професионалци кои со помош на новите технологии заработуваат и живеат како номади. Тие ги менуваат традиционалните работни места и осмислуваат како тие би можеле виртуелно да функционираат.

Тајм аут пренесува дека Скопје е најевтиниот град за дигиталните номади и посочува дека месечен билет за јавниот превоз е осум пати поевтин од од билетот во Лондон. Во пресметките се земаат предвид трошоците за престој, превоз, храна, интернет и повратни летови.

Освен пристојни цени, Македонија на странците има да им понуди разни природни богатства кои можат да ги посетат. На листата за најбрзо растечки дигитални номадски центри во последните пет години, Македонија се наоѓа на второто место со 417 проценти зголемување, додека на првото место е Палермо, Италија.